ЕТНОЛОГИЈА
НАУЧНА ОБЛАСТ ЗА ЕТНОЛОГИЈА И ЕТНОГЕНЕЗА
Првите научно-истражувачки проекти од оваа област се започнати во 1990 година, под раководство на д-р Танас Вражиновски. Покрај него, голем влог имаат дадено и д-р Ѓорѓи Здравев, д-р Љупчо С. Ристески, д-р Соња Ризоска Јовановска, Лола Симоска, а денес на оваа научно-истражувачка област работат д-р Владимир Караџоски, д-р Ели Луческа и м-р Горан Василески.
Многугодишните научни истражувања од областа на етнологијата и етногенезата имаат расветлено многу прашања поврзани со народната демонологија и митологија, народната култура, истражувањето и проучувањето на човечките заедници како специфичен феномен, народните верувања на етничките заедници, родовите улоги во народната традиција и воопшто во општествените процеси, етнокултурниот идентитет на етникумите кои живееле и живеат на просторот на Македонија. Направени се голем број на теренски истражувања коишто претставуваат изворни материјали за темите од тековните проекти, статиите и другите видови стручна и научна работа. Реализираните проекти во голем дел се публикувани и претставуваат значаен придонес во македонската наука воопшто.
Институтот од 2010 година е овластен субјект за заштита на духовното културно наследство на Македонија – фолклор и јазик. Поради тоа, покрај научно-истражувачката работа, вработените од оваа област, својот интерес го насочуваат и кон работата на стручно-научни проекти во областа на културата, како и изработката на Елаборати за заштита на нематеријалното (духовно) културно наследство.
Во рамките на научно-истражувачките проекти направени се голем дел на теренски истражувања коишто претставуваат изворни материјали за темите од тековните проекти, статиите и другите видови стручна и научна работа на нашите вработените кои се занимаваат со оваа научно-истражувачка област. Теренските и научните истражувања од реализираните проекти во најголем дел се публикувани и претставуваат значаен дел во македонската наука воопшто.
Етнологија и Етногенеза | Проекти