УЛОГАТА НА МАЖОТ И ЖЕНАТА ВО ХРИСТИЈАНСКАТА И МУСЛИМАНСКАТА НАРОДНА ТРАДИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

Име на проектот: УЛОГАТА НА МАЖОТ И ЖЕНАТА ВО ХРИСТИЈАНСКАТА И МУСЛИМАНСКАТА НАРОДНА ТРАДИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА

Истражувачка област: Етнологија и етногенеза

Период на реализација: 2004 – 2006

Главен истражувач: д-р Соња Ризоска-Јовановска

Соработници: д-р Танас Вражиновски, д-р Владимир Караџоски

Опис: Полот бил и останал централен проблем во човековото постоење во сите познати религии. Тој е точката на  пресекот меѓу двата света во човечкиот организам. Машкиот и женскиот пол фигурираат во народната религија како пар на спротивставени поими, што повлекува нивното проучување да биде заедничко и неделиво. Затоа почетното истражување на оваа проблематика се движи во насока кон откривање и проследување на специфичните моменти, преку кои можеме да ја согледаме улогата, како и статусот и местото кои ја имаат мажот и жената, помеѓу традиционалниот модел на однесување и процесот на модернизација. Во согласност со тоа, предмет на овој проект е истражувањето на народните верувања и претстави, како и социјалните односи и обредните активности кај Македонците со православна и исламска вероиповед, Албанците, Турците, Србите, што значи на припадниците на две различни религии, христијанската и исламската, во кои ќе бидат опфатени сите сличности, разлики, допирни точки и преклопувања.