РЕЧНИК НА МИТОВИ И НА НАРОДНАТА КУЛТУРА НА МАКЕДОНЦИТЕ

Име на проектот: РЕЧНИК НА МИТОВИ И НА НАРОДНАТА КУЛТУРА НА МАКЕДОНЦИТЕ

Истражувачка област: Етнологија и етногенеза

Период на реализација: 1998-2000

Главен истражувач: д-р Танас Вражиновски

Соработници: д-р Соња Зоговиќ, м-р Љупчо Ристески, м-р Владимир Караџоски, м-р Соња Јовановска

Опис: Овој проект претставува една завршна и заокружена целина која ги  опфаќа сите компоненти на митолошките, односно религиозно-христијанските  и фолклорните ликови и претстави на Македонците низ вековите. Во него се опфатени и историски ликови и настани кои нашле одраз во македонската народна култура и традиција. Во Речникот се застапени и собирачите и истражувачите, кои ја проучувале проблематиката на митологијата и на народната култура воопшто, како и други културни дејци: писатели, поети, уметници, кои во митологијата и фолклорот нашле своја инспирација

Публикации:

  1. Речник на народната митологија на Македонците, Редактор:Танас Вражиновски, Подготвиа: Танас Вражиновски, Соња Зоговиќ, Владимир Караџоски, Соња Јовановска, Билјана Ристовска-Јосифовска, Институт за старословенска култура – Матица Македонска, Скопје-Прилеп 2000, 471 стр.