На ден 16.11.2026 година, во Македонската академија на науките и уметностите беа отворени III Мисиркови денови, посветени на 100-годишнината од смртта на Крсте Петков Мисирков (1874–1926).

Оваа година Институтот за старословенска култура – Прилеп за прв пат е меѓу организаторите на манифестацијата, заедно со Институтот за национална историја, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ и Институтот за македонска литература.

Во рамките на манифестацијата се одржува меѓународната научна конференција „Славистиката и македонистиката: историски и современ дискурс“ (16–17 ноември), со учесници од Северна Македонија, Украина, Србија, Русија и Унгарија. Во осум сесии се разгледуваат делото и времето на Мисирков, развојот на славистиката и македонистиката и научните врски на Македонија со светот.

На свеченото отворање поздравно обраќање имаше и директорот на нашиот Институт, проф. д-р Александар Василески.

Утре, по завршните сесии, ќе бидат промовирани книгите „Социолошкиот дискурс на Крсте Петков Мисирков: за македонскиот идентитет и за нацијата“ од проф. д-р Ганка Цветанова и „Окружението на Мисирков“ од проф. д-р Димитар Пандев.

Им благодариме на координаторките на манифестацијата, проф. д-р Лилјана Гушевска и проф. д-р Билјана Ристовска-Јосифовска, за поканата и за соработката.