Нашата вработена, м-р Катерина Росикопулос учествуваше на 7. Малореканска летна школа ,,По патеките на Дичо Зограф” организирана од Истражувачки центар за културно наследство ,,Цветан Грозданов” при МАНУ. Настанот се одржа во периодот од 30.08 до 4.09. 2026 г. во Бигорскиот манастир. Овогодишната Малореканска школа беше посветена на Петре Р. Коловски (1931-2025), последниот зограф од старото поколение на дебарско-мијачките зографи. Покрај презентацијата на своите научни презентации, во програмата беа опфатени и теренски посети на цркви и манастири од Мавровскиот, Дебарскиот и Малореканскиот регион. На овој значаен собир, м-р Росикопулос го презентираше својот научен труд „Неколку примери на зооморфните елементи во иконографијата на св. Христофор Кинокефал во живописот на Македонија од 19 век”.