Директорот на ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп д-р Александар Василески во периодот од 05 април до 9 мај 2025 година зеде учество во активностите на проектот Connecting histories: The Princeton and Mount Athos Legacy, кој се реализира од одделението за Уметност и археологија на универзитетот Принстон, САД.

Предмет на истражување на д-р Василески во рамките на проектните активности беа православните графики поврзани со Света Гора кои се чуват во Специјалната колекција на библиотеката Фајарстон на Принстон, како и неколку дела од колекцијата на Ненадовиќ во Визуелните ресурси на одделението за Ументост и археологија. Во текот на неколку неделните истражувања беа стекнати нови сознанија за овие значајни ликовни дела во колекциите на Принстон.

Резултатите од овие истражувања беа презентирани на работилницата која се одржа од во периодот од 28 април до 3 мај.

Учеството на д-р Василески во овој престижен проект претставува значаен придонес во истражувањето на културното и уметничкото наследство на Света Гора и ја зајакнува меѓународната соработка на Институтот за старословенска култура.