Претставници на ЈНУ „Институт за старословенска култура-Прилеп“ учествуваа како рамноправни членки на Генералното собрание на здружението на Европската културна рута на св. Кирил и Методиј при Советот на Европа. Состанокот се одржа на 20 април во Аквилеја (Италија), во рамките на фестивалот посветен на културните патишта што минуваат низ овој историски центар. На работната сесија беа разгледани клучни точки за иднината на рутата, како: усвојување на годишниот извештај за 2025 година, прифаќање на нови барања за членство, координација на активностите и соработка меѓу националните координатори.
Патот на Кирил и Методиј е една од 49-те културни рути сертифицирани од Советот на Европа. Таа поврзува значајни локалитети, споменици и културни институции низ Централна, Источна и Јужна Европа.
Културната рута св. Кирил и Методиј на Советот на Европа се надоврзува на илјадагодишната културна традиција, поврзана особено со културата на словенските народи, која е трајна поддршка и инспирација за нејзината безвременска димензија создадена од морално силни и образовани личности, свети Кирил и Методиј и нивните ученици. Ова е првата рута која се фокусира на словенското културно наследство призната од Советот на Европа и првата сертифицирана рута со потекло и со седиште во Чешката Република.
Овај проект се фокусира на постоечки локалитети и дестинации кои се поврзани со кирил-методиевото наследство.