м-р Горан Василески

Асистент – истражувач

Образование

Од 2023 Докторант на Институтот за Фолклор „Марко Цепенков“ при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје.

2017 – Магистер по фолклористика при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, во институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје, на тема: Женските обредни поворки во Брсјачката етнографска целина.

2014 – Дипломиран етнокореолог при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип, на факултетот за музичка уметност во Штип, на оддел за Етнокореологија. Тема: Методски приказ на ората во Струшко поле.

2010 – Завршено средно образование во СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“ во Прилеп, на насока за економски техничар.

2006 – Завршено основно образование во ООУ „Добре Јованоски“ во Прилеп.

Професионално
вработување

01.2011 – 05.2011, асистент при на етнолошката поставка во Н.У. Музеј на град Штип. (народни носии, инструменти, покуќнина и сл.)

01.03.2012 – 30.04.2012, практикант во Ј.Н.У. Институт за старословенска култура – Прилеп,

04.2013 – Овластено лице за изработка на елаборат за валоризација на проектот „Лазарки во Струшко поле“, при Ј.Н.У.Институт за старословенска култура – Прилеп.

Вклучен во многубројни проекти од страна на Ј.Н.У. Институт за старословенска култура – Прилеп, како: „Лазарки во Струшко Поле“, „Лазара во Дримкол“, „Водичарките од с. Беранци, битолско“, „Велигденските кули во Македонски Брод“, „Иванден во Ресен“, „Водици во Порече“ и многу други.

Во 2016 и 2017 година година член во жири комисијата на фестивалот „Ревија на македонски народни носии“ во Кривогаштани.

Во 2017 година член во жири комисијата на меѓународниот карневал „Прочка“ во Прилеп.

Во 2017. Хонорарно средување, евидентирање, транскрибирање и архивирање на дел од етнолошките теренски истражувања во Ј.Н.У Институт за Старословенска култура од Прилеп, од 1979 до 2017 година.

Од 2017 година, раководител и предавач на семинарот за изучување на традиционални инструменти и песни кој е во склоп на фестивалот „Пеце Атанасовски“ во Прилеп и Долнени.

Од 2020 година, член жири комисијата, секретар и официјален потписник на фестивалот за народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ во Прилеп и Долнени.

02.2021 – Хонорарно средување, евидентирање и транскрибирање на дел од етнолошките теренски истражувања во Ј.Н.У Институт за Старословенска култура од Прилеп.

Од 06.2021, Генерален секретар на собранието на Фестивалот за народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ во Прилеп и Долнени.

Од 11.2021 Претседател на КУД „Мирче Ацев“ од Прилеп и претседател на управниот одбор при здружението.

Од 11.2023- Вработен во ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп

Поле на научен
интерес

Теренски истражувања во етничките пределите: Пијанец (с.Град), Струмичко поле (с.Борисово и с.Василево), Скопска Црна Гора (с.Кучевиште), Порече (с.Растеш и с.Заград), Радовишко поле (с.Воиславци), Тиквеш (с.Бегниште) и Охридско Поле (с.Горно Коњско) преку одделот за Етнокореологија при Факултетот за музичка уметност. Области на истражување: орска традиција, вокално-инструментална традиција, народна носија, годишен циклус на обичаи, свадбени обичаи, регионална етнологија и сл.

Теренски истражувања во селата Ложани, Драслајца, Мороишта, Биџево, Враништа (Струшко Поле), Радожда, Мали Влај, Вевчани, Луково, Нерези (Дримкол), Пештани, Коњско, Лакочереј, Косел (Охридско Поле), Растеш, Заград, Волче, Самоков, Брест, Манастирец, (Порече), Беранци, Могила (Битолско Поле), Кривогаштани, Крушеани, Кореница, Годивје, Локвени, Крстец (Прилепско Поле) како и во градовите Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Ресен и многу други места преку Ј.Н.У Институт за старословенска култура во Прилеп.

Теренско истражување за мојата дипломска работа во сите 7 македонски села од Струшко Поле (Ложани, Драслајца, Мороишта, Биџево, Враништа, Мислешево и во Струга)

Теренските истражувања за мојот магистерски труд во голем број на села во Брсјачката етнографска целина (теренски истражувања на 30-тина села, како и архивски истражувања во Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје и во ЈНУ Институт за Старословенска култура од Прилеп, вкупно 103 села во сите 12 предели)

Членување на
домашни,
странски
и меѓународни
организации

К.У.Д. „Мирче Ацев“ – Прилеп, член од 1998, а претседател од 2021 година.

К.У.Д. „Ристо Донев“ – Штип, од 2010 до 2015 година.

Ансамбл „Македонија“ – Скопје, од оснивањето во 2011, до 2012 година.

З.Г. „Прочкари“ – Прилеп, член од 2010 година,

Интернационална асоцијација „Традиција без граници“ со седиште во градот Бејуш, Романија, од 2013 година, како член на управен одбор. До 2015 година, до нејзиното распаѓање.

Член во Здружението на Етнокореолози на Македонија, уште од неговото оснивање во 2015 година.

Научно
истражувачка
дејност

Василески Горан (2014) Македонската партизанка Савка Манеска, Македонска Ризница, електронско издание, бр. 22, стр. 30-32.

Василески Горан (2016) Тајане бојане имам брат свети Јоване, Зборник на трудови бр. 19, Н.У. Завод за заштита на спомениците на културата и музеј, Битола, стр. 85-92.

Василески Горан (2017) Етнокореолошките карактеристики на ората од етничкиот предел Струшко поле, Зборник на трудови бр. 20, Н.У. Завод за заштита на спомениците на културата и музеј, Битола, стр. 80-91.

Василески Горан (2018) Водичарските обреди и обредни поворки во прилепскиот дел на Мариово, Зборник на трудови бр. 21, Н.У. Завод за заштита на спомениците на културата и музеј, Битола.

Василески Горан (2018) Ромките како сипститути на некои од женските обредни поворки во Македонија, Ѓурѓовден / Ерделези и традиционалната култура на ромите во Македонија и на Балканот, Зборник на трудови, И. Ф. „Марко Цепенков“, Скопје, стр. 71-78.

Василески Горан (2018) Иванденските женски обредни поворки во Прилепско-битолско Поле и Железник, Годишен зборник, Год. 5, Бр. 5, Универзитет „Гоце Делчев“, Музичка академија, Штип, стр. 131-139.

Василески Горан (2019) Лазарските обредни поворки во Брсјачката етнографска целина во минатото и денес, Фолклорот во минатото и денес, Зборник на трудови, Собрание на ФНИП „Пеце Атанасовски“, Долнени, Прилеп, стр. 61-67.

Василески Горан (2020) Иванденските обредни поворки во Преспа, Фолклорот во минатото и денес, Зборник на трудови, бр. 1, ФНИП „Пеце Атанасовски“, Долнени, Прилеп, стр. 75-84.

Василески Горан (2021) Народните обичаи за празникот Св. Пророк Еремија во селата од Прилепско Поле, Македонски Фолклор, бр. 79, год. 52, И.Ф. Марко Цепенков, Скопје, стр. 151-158.

Василески Горан (2021) Водичарските обредни поворки во Мариово, Фолклорот во минатото и денес, Зборник на трудови, бр. 2, ФНИП „Пеце Атанасовски“, Долнени, Прилеп, стр. 51-62.