ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп

Втор циклус на студии по студиска програма „Класична Археологија“

Согласно со решението за акредитација на втор циклус студии издадено од страна на Агенција за квалитет во високото образование, Одбор за акредитација на високото образование бр. 08 – 511/6 од 29.9.2023 година, ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп се стекна со право да ја спроведе студиската програма „Класична археологија“ со траење два семестри (60 ЕКТС). Во рамките на Студиската програма во првиот семсетар предвидени се три задолжителни предмети и еден изборен, а во вториот семестар еден задолжителен и еден изборен предмет и изработка на Магистерскиот труд. По одбраната на магистерскиот труд кандидатот се стекнува со звање Магистер по археологија, во меѓународен промет, стручен назив: Master of archaeology.

Задолжителни предмети на студиската програма „Класична археологија„ во прв семестар:

  • Методологија на археолошки истражувања
  • Класична археологија
  • Археометрија и примена на дигитални алатки при археолошките истражувања

Изборни предмети на студиската програма „Класична археологија“ во прв семестар:

  • Погребни форми и обичаи во антиката
  • Античка епиграфика
  • Оружје и вооружување во антиката
  • Религии и култови во антиката

Задолжителни предмети на студиската програма „Класична археологија“ во втор семестар:

  • Антички градови во Р.С. Македонија
  • Магистерски труд

Изборни предмети на студиската програма „Класична археологија“ во втор семестар:

  • Ранохристијанска археологија
  • Античка архитектура
  • Античка историја на Македонија
  • Патни комуникации во антиката во Македонија

Во реализација на студиската програма учествуваат професори од ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп:

  • Бранислав Ристески, научен советник/редовен професор
  • Марија Чичева, научен советник/редовен професор
  • Бошко Ангеловски, научен советник/редовен професор
  • Ели Луческа, научен советник/редовен професор
  • Христијан Талевски, виш научен соработник/вонреден професор
  • Орданче Петров, виш научен соработник/вонреден професор
  • Александар Василески, виш научен соработник/вонреден професор

Надворешни соработници во реализација на студиската програма се професорите:

  • Проф. др. Трајче Нацев, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип
  • Катерина Младеновска Ристовска, научен советник/редовен професор, Институт за национална историја