СВЕТИТЕ МОШТИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА. ИСТОРИЈА И ТРАДИЦИЈА

Име на проектот: СВЕТИТЕ МОШТИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА. ИСТОРИЈА И ТРАДИЦИЈА

Истражувачка област: Етнологија и етногенеза

Период на реализација: 2010 – 2019

Главен истражувач: д-р Ели Луческа

Соработници: проф. д-р Красимир Стоилов, м-р Александар Василески

Опис: Основен предмет на истражување во проектот се светите мошти на христијанските светители со цел да се евидентираат, документираат и систематизираат, а потоа низ научна анализа да се проследат одредени, позначајни етапи од нивната појава, почит и развој како дел од длабоката духовна традиција и културна историја на Македонија.

Методологијата на истражувањето е прилагодена на конкретниот проблем, односно акцентот е ставен на интеракцијата помеѓу историските и литературните извори, религијата, антропологијата и етнографијата. Меѓузависноста на овие дисциплини нè упатува на значењето на интердисциплинарниот метод кој во последните неколку години во хуманистичките науки се јавува како нужна претпоставка за успешно научно истражување и толкување, односно историските и литературните референци на продуктивен начин се поврзуваат со религијата, сфатена како независен начин на мислење, верување и дејствување и со резултатите од работата на теренот – етнографската документарна граѓа.   

            Досегашните сознанија нè наведуваат на заклучокот дека култот кон светите мошти во Македонија се градел во согласност со општествените, културно-историските и црковно-религиозните прилики низ текот на столетијата и тоа врз основа, главно, на два моменти. Првиот момент се однесува на побожната потреба за присуството и допирот со физичките остатоци и предмети, која може да биде доживеана и од поединецот, и од заедницата како „живо“ присуство на светителот и неговата моќ, а вториот момент се однесува на традицијата за поседување на свети мошти, која има за цел на стекнување на универзален авторитет и престиж во локалната, но и во пошироката, глобална христијанска заедница и црква. 

Публикации:

  1. Ели Луческа Култот на христијанските светци во Македонија, Историја и традиција ИСК – Прилеп, Прилеп 2010
  2. Ели Луческа, соработник Александар Василески, Култот кон светите мошти на територијата на Македонија, ИСК – Прилеп, Прилеп 2018
  3. Ели Луческа, Светите мошти во Македонија. Историско-религиски аспекти. Во: Obraz świętości – świętość w obrazie, I. Lis-Wielgosz-W. Jozwiak, P. Dziadul, Универзитет „Адам Мицкјиевиќ“, Познањ, Р. Полска, 2012, 255-267
  4. Ели Луческа, Света Спасица од с. Вишни, Струшко, Słowiańskie teksty kultury. Samokowskie kontynuacje II, Ред. З. Димоски, Е. Луческа. Poznań-Прилеп, 2015, 21-32.
  5. Ели Луческа, По трагите на преданието „Манастир Свети Андонија во град Бер (Верга)“ запишано од Марко К. Цепенков – фолклорно-хагиолошки паралели. Во: Balcanoslavica 40-44, Прилеп 2015, 81-87.
  6. Ели Луческа, In search for the remains of st. Clement of Ohrid. Во: 1100 годишнина од упокојувањето на св. Климент Охридски, Меѓународен научен собир „Милениумското зрачење на св. Климент Охридски“, Скопје, 28-29 октомври 2016, Скопје: МАНУ, 2017, 247-256.
  7. Ели Луческа, Светите бесребреници Кузман и Дамјан во Сандански. Kулт и календар. Во: Проекции на културните традиции: България – Македония. София: БАН, „Марин Дринов“, 2017, 134-145.
  8. Ели Луческа, Чудотворноста на манастирот „Св. Марена“ во непосредна близина на с. Л’нга, на планината Мокра, над Подградец, Р Албанија. Во: Balcanoslavica 47/1. Прилеп, 2017, 1 19-127.
  9. Ели Луческа, Култот на свети Трифун во Македонија, Święty Tryfon w kulturze Słowian, red. Rafał Dymczyk, Poznań, Pracownia Humanistycznych Studiow Interdyscyplinarnych Uniwersytet im. Adama Mickiewicza w Poznaniu, 2017, 71-99.
  10. Ели Луческа, Христијанските светилишта во с. Туминец, Преспа (Р Албанија) со посебен осврт на манастирот Св. Марена во : Македонски фолклор год. XL бр. 73, 2018, 121-128.
  11. Ели Луческа, Култот кон моштите на св. Петнаесет тивериополски свештеномаченици. Во: Зборник на трудови: „Култот за св Петнаесет тивериополски свештномаченици во средновековната и во поновата епоха -историја, култура и традиција“ (Материјали од првиот научен собир во чест на св. Петнаесет тивериополски свештномаченици одржан во Струмица од 7 до 9 декември 2018 година во организација на НУ Завод и музеј-Струмица), Струмица, 2019, 135-152.