СРЕДНОВЕКОВЕН ПРИЛЕП (РАНОСРЕДНОВЕКОВНИ СЛОВЕНСКИ НАСЕЛБИ, НАСТАНУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА ГРАДСКАТА НАСЕЛБА И ТВРДИНАТА МАРКОВИ КУЛИ)
Име на проектот: СРЕДНОВЕКОВЕН ПРИЛЕП (РАНОСРЕДНОВЕКОВНИ СЛОВЕНСКИ НАСЕЛБИ, НАСТАНУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА ГРАДСКАТА НАСЕЛБА И ТВРДИНАТА МАРКОВИ КУЛИ)
Истражувачка област: Археологија
Период на реализација: 1980 – 1992
Главен истражувач: д-р Бошко Бабиќ и д-р Тадеуш Полак
Соработници: д-р Еугениуш Цнотливи, м-р Бранислав Атанасоски, Милоје Мандиќ, Блага Талеска
Опис: Како резултат на обемните теренски истражувања во рамките на овој проект на просторот од археолошкиот комплекс “Маркови Кули”, Варош-Прилеп беа откриени голем број материјални остатоци од средновековниот Прилеп, при што беше извршено нивно прецизно културно и хронолошко детерминирање.
Покрај тоа, на истражуваниот простор беа откриени и значителен број артефакти од праисторијата, како и раната и доцната антика.