СПОМЕНИЦИ НА ЅИДНОТО СЛИКАРСТВО ОД ВРЕМЕТО НА ПРЕРОДБАТА ВО ПЕЛАГОНИСКАТА МИТРОПОЛИЈА

Име на проектот: СПОМЕНИЦИ НА ЅИДНОТО СЛИКАРСТВО ОД ВРЕМЕТО НА ПРЕРОДБАТА ВО ПЕЛАГОНИСКАТА МИТРОПОЛИЈА

Истражувачка област: Историја на уметност

Период на реализација: 2009 – 2011

Главен истражувач: д-р Никола Митревски

Соработници: д-р Иван Заров и д-р Атанас Атанасоски

Опис: Имајќи во вид дека во нашата историографија  се уште не се направени целосни систематски истражувања и продлабочени проучувања на ѕидното сликарство од времето на Преродбата кое се јавува како некаква меѓа меѓу поствизантиската уметност и првите почетоци на македонската современа уметност, сметаме за неопходно да ја осветлиме уметничката активност  на територијата на Пелагониската митрополија – една од најстарите и најголемите митрополии на Охридската архиепископија на чија територија се евидентирани околу 216 споменици на ѕидното сликарство од времето на Преродбата. Откривањето на имињата на ктиторите и донаторите, учеството на локалните градители и зографи кои ги следат традициите на византиското градителство и сликарство како и проу£увањето на активноста на зографите на мијачката школа и крушевските работилници кои делувале на овој простор ќе овозможат со поголема сигурност да се утврди нивното место во поновата историја на македонската уметност. Резултатите од истражувањата ќе овозможат објективно толкување на развитокот на уметноста од времето на Преродбата и пишување на нови страници за историјата на културата и уметноста во оваа најголема митрополија на Охридската архиепископија.