СПОМЕНИЦИ НА ЅИДНОТО СЛИКАРСТВО ОД ПОСТВИЗАНТИСКИОТ ПЕРИОД ВО ПЕЛАГОНИСКАТА МИТРОПОЛИЈА

Име на проектот: СПОМЕНИЦИ НА ЅИДНОТО СЛИКАРСТВО ОД ПОСТВИЗАНТИСКИОТ ПЕРИОД ВО ПЕЛАГОНИСКАТА МИТРОПОЛИЈА

Истражувачка област: Историја на уметност

Период на реализација: 2004 – 2006

Главен истражувач: д-р Никола Митревски

Соработници: м-р Атанас Атанасоски

Опис: Научноистражувачкиот проектот “Споменици на ѕидното сликарство од поствизантискиот период во Пелагониската митрополија” има за цел преку систематски истражувања и проучувања да се идентификуваат и верификуваат спомениците на ѕидното сликарство од поствизантискиот период во една од најстарите и најголемите митрополии на Охридската архиепископија – Пелагониската. Со оглед дека најголем дел од овие споменици во претходниот период не се истражени или пак се само  делумно истражени, денес се налага потребата од нивно систематско и целосно проучување и презентирање пред научната и поширокат јавност. Со исцрпното презентирање на целокупниот ликовен материјал и воспоставената хронологија ќе се заокружи ликовната топографија на средишниот дел на Македонија и ќе се отвараат нови перспективи да се согледа периодот од поствизантискиот период како едно од најбогатите подрачја на ликовното создавање во времето на османлиската власт не само во Македонија туку и во средишните делови на Балканот

Публикации:

  1. Никола Митревски, Студии за живописот од Западна Македонија, Матица македонска, Скопје 2009;
  2. Никола Митревски, Фрескоживописот во Пелагонија од средината на XV до крајот на XVII век, МАНУ, Фондација Трифун Костовски, Скопје 2009;