РАНОСРЕДНОВЕКОВНИ НАСЕЛБИ И НЕКРОПОЛИ ВО МАКЕДОНИЈА ОД VI/VII ДО VIII ВЕК

Име на проектот: РАНОСРЕДНОВЕКОВНИ НАСЕЛБИ И НЕКРОПОЛИ ВО МАКЕДОНИЈА ОД VI/VII ДО VIII ВЕК

Истражувачка област: Археологија

Период на реализација: 1986 – 1990

Главен истражувач: д-р Бошко Бабиќ и д-р Живојин Винчиќ

Опис: Теренските истражувања во рамките на овој проект овозможија да се откријат остатоци од значителен број населби и некрополи од VI/VII до VIII век на територијата на Република Македонија (“Бурлатица”, с. Виничани, “Зајчев Рид”, с. Злокуќани, “Градиште”, с. Дебреште и др.), при што беше извршено попрецизно културно-хронолошко детерминирање на откриените наоди како основа за проучувањето на раносредновековната материјална култура во централните делови од Балканскиот Полуостров.