Име на проектот: ОПШТЕСТВОТО И НАРОДНАТА КУЛТУРА НА ТЕРИТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ ОД XI ДО XIV ВЕК
Истражувачка област: Историски науки
Период на реализација: 2003 – 2005
Главен истражувач: д-р Соња Зоговиќ
Соработници: м-р Ели Милошеска, м-р Марија Чичева – Алексиќ и м-р Иван Заров
Опис: Овој проект беше продолжување на антрополошко-историските видувања на луѓето и на настаните во периодот на развиениот феудализам. Основната цел му беше обединување и обликување на резултатите од повеќе сродни науки во една интегрална целина, којашто ќе помогне средновековната култура на сите нивоа да се доживува и сфаќа на начин како што ја чувствувале нејзините творци, а во истовреме да можат да ја разберат и да им биде блиска и на нашите современици. Бидејќи овој историски период се одликува со интензивни културни дејности на полето на книжевноста, на ликовната уметност и на занаетчиските иновации, како и во низа други сродни дисциплини, можеше да се следат наведениве културни активности, коишто кон крајот на XIV век кулминираат во сите сфери на световните и на духовните области.