Име на проектот: ОПШТЕСТВОТО И НАРОДНАТА КУЛТУРА НА ТЕРИТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ VI-XI ВЕК
Истражувачка област: Историски науки
Период на реализација: 2000 – 2002
Главен истражувач: д-р Соња Зоговиќ
Соработници: м-р Билјана Ристовска – Јосифовска, Ели Милошеска и Атанас Атанасоски.
Опис: Проектот имaше за цел да понуди антрополошки видувања на средновековната култура во Македонија. Ова загледување во историските настани од внатре беше замислено и оствареноп преку содржините изразени низ збиднувањата поврзани со појавата и обликувањето на воената демократија кај Словените и постепеното создавање на самостојна словенска војска – стожер и своевиден двигател на тогашното словенско општество. Со нејзина помош се создаваат и се чуваат, меѓу другите општествено-политички творби и склавиниите на територијата на денешна Р. Македонија заедно со другите културно-стопански придобивки.
Културните дострели на средновековното население на територијата на денешна Македонија беа напоредно следени во остатоците од денешната народна култура и народната религија, со цел да се разберат, колку што е тоа можно повеќе, мислењето, светогледот и начинот на секојдневниот живот на луѓето од наведениов период.
Публикации:
1. Општеството и народната култура на Македонија во раниот среден век. Издавач: Институт за старословенска култура. Прилеп 2002.