НАРОДНАТА МЕДИЦИНА КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ (ТРАДИЦИЈА И СОВРЕМЕНОСТ)

Име на проектот: НАРОДНАТА МЕДИЦИНА КАЈ МАКЕДОНЦИТЕ (ТРАДИЦИЈА И СОВРЕМЕНОСТ)

Истражувачка област: Етнологија и етногенеза

Период на реализација: 2009 – 2011

Главен истражувач: д-р Владимир Караџоски

Соработници: д-р Ели Милошеска, д-р Јелена Андреевска и д-р Танас Вражиновски

Опис: Предмет на  истражувањето е една од позначајните области на народната култура кај Македонците, народната медицина, нејзината традиционална и современа пракса. Здравјето за народот во Македонија не претставува само физичка благосостојба, туку и високо општествено самочувство кое произлегува од свеста за сопствената вредност и позитивните оценки на околината. Да се биде здрав и силен, тоа значи да се биде способен за секојдневен физички и психички напор и работа. Тоа е амбицијата на секој човек во Македонија. Целта на овој научно-истражувачки проект е да ги истражи, евидентира, проучи, анализира и претстави народните обичаи, верувања и традиционалните дејства поврзани со здравјето на луѓето и различните видови на заштита и лечење, а кои и денес егзистираат не само во селските, туку и во некои развиени урбани македонски средини.

Публикации:

  1. Владимир Караџоски, Речник на народната медицина на Македонците, Институт за старословенска култура-Прилеп, Прилеп
  2. Владимир Караџоски, „Провлекувањето“- составен дел на народна медицинска пракса во Македонија, Балканославика, бр.40-44,ИСК-Прилеп,  Прилеп 2015, 99-107;