МАКЕДОНСКО КНИЖЕВНО КУЛТУРНО – ИСТОРИСКО НАСЛЕДСТВО

Име на проектот: МАКЕДОНСКО КНИЖЕВНО КУЛТУРНО – ИСТОРИСКО НАСЛЕДСТВО

Истражувачка област: Лингвистика

Период на реализација: 1991 – 2003

Главен истражувач: д-р Михајло Георгиевски

Соработници: м-р Виолета Крстеска, м-р Јелена Андреевска, м-р Маја Ангеловска – Панова и Ангелка Шијаковиќ.

Опис: Македонското културно книжевно и историско наслдство претставува основен фактор во создаваето на националниот идентитет и културната историја на Македонија. Научно-истражувачката дејност во рамките на проектот е насочена кон откривање на ракописи од словенска провиненција и нивно проучување на јазичен, книжевен и историски аспект. Интердисциплинарниот методолошки пристап овозможува целосна реконструкција на духовниот живот и воопшто просветителските тенденции во Македонија. Основна задача на овој проект е да се даде филолошко-лингвистички опис на словенски ракописи со световен карактер, хронолошко детерминирани од крајот на XVIII до втората половина на XIX век, а се пронајдени на тлото на Македонија.

Публикации:

  1. Михајло Георгиевски, Словенски ракописи во Македонија, кн. VII и VIII, ИСК-Прилеп, НУБ “Св. Климент Охридски”-Скопје, Скопје 1993.
  2. Михајло Георгиевски, Словенски ракописи во Македонија, кн. V и VI, ИСК-Прилеп, НУБ “Св. Климент Охридски”-Скопје, Скопје 2000.
  3. Михајло Георгиевски, Прилози од старата македонска книжевност и култура, Скопје 1997.
  4. Михајло Георгиевски, Македонски светци, Скопје 1997.

Трудови во ракопис:

  1. Речник на странски зборови и изрази во македонскиот јазик од Јанаки Стрезов, втора половина на XIX век, ракопис со курзивно писмо (расчитал м-р Виолрта Крстеска).
  2. Лекарственик на Ангел Георгиевич од село Пиперово, Струмичко, крај на XIX век, ракопис со полуунцијално писмо (расчитал м-р Виолрта Крстеска).
  3. Лекарственик, македонски јазик, галички дијалект, од крајот на XIX век, ракопис со немарен полуустав (расчитал и комплетно обработил м-р Виолета Крстеска).
  4. Лекарственик со потекло од с. Лазарополе, втора половина на XIX век, ракопис со ситен полуустав (расчитал м-р Виолета Крстеска).
  5. Зборник на народни лекови, од крајот на XIX век, ракопис со писмо од печатен тип (расчитал м-р Виолета Крстеска).
  6. Лекарственик од почетокот на XIX век, пишуван со тешко читлив брзопис, од невешта рака (расчитал и комплетно обработил м-р Виолета Крстеска).
  7. Рецепти за правење на лекови, собрани и напишани од свештеникот Јоанаки, од 1884 г., ракопис со курзивно и полууставно писмо (расчитал м-р Виолета Крстеска).
  8. Историска читанка од втора половина на XIX век, ракопис со курзивно писмо (расчитал м-р Виолета Крстеска).