Име на проектот: МАКЕДОНСКА НАРОДНА МИТОЛОГИЈА
Истражувачка област: Етнологија и етногенеза
Период на реализација: 1992 – 1997
Главен истражувач: д-р Танас Вражиновски
Соработници: м-р Љупчо Ристески, м-р Владимир Караџоски и Лола Симоска
Опис: Предмет на истражување беше една од позначајните области на народната култура – митологијата, која содржи група на верувања, односно митолошки ликови и претстави и поврзани со нив разновидни магиско – религиозни практики кои на своевиден начин овозможија да го откриеме народниот светоглед на историско-стадијалниот развиток на македонскиот етнос и неговата духовна култура. Научниот проект Македонска народна митологија имаше за цел да се откријат проблемите на генезата на митолошките претстави, нивното место и улогата во дадениот религиозен систем, како и општественото условување на нивниот развој, функционирање и исчезнување, односно да се согледа современата состојба во областа на митологијата. Како резултат на работата на овој проект беше собран богат теренски материјал и од него произлегоја неколку научни публикации.
Публикации:
- Народна демонологија на Македонците,Редактор: Танас Вражиновски, Соработници: Владимир Караџоски, Љупчо Ристески, Лола Симоска. Институт за старословенска култура – Матица Mакедонска, Скопје-Прилеп 1995, 157 стр.
- Народна митологија на Македонците,Кн.I, Редактор: Танас Вражиновски, Соработници: Владимир Караџоски, Љупчо Ристески, Лола Симоска. Институт за старословенска култура – Матица Македонска, Скопје-Прилеп 1998, 351 стр.
- Народна митологија на Македонците,Кн.II, Редактор: Танас Вражиновски, Соработници: Владимир Караџоски, Љупчо Ристески, Лола Симоска. Институт за старословенска култура – Матица Македонска, Скопје-Прилеп 1998, 323 стр.
- Владимир Караџоски, Фолклорни и етенографски теренски материјали, Институт за старословенска култура-Прилеп, Прилеп 2019.
- Владимир Караџоски, Исцелителската мок на Говедаровиот Камен, Етно-културолошки зборник, кн.VII, Сврљиг 2001/2002, 83-87;