ЛИКОВНАТА УМЕТНОСТ ВО ПЕЛАГОНИЈА ОД ПАЃАЊЕТО ПОД ТУРСКА ВЛАСТ ДО БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ

Име на проектот: ЛИКОВНАТА УМЕТНОСТ ВО ПЕЛАГОНИЈА ОД ПАЃАЊЕТО ПОД ТУРСКА ВЛАСТ ДО БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ

Истражувачка област: Историја на уметност

Период на реализација: 2001 – 2003

Главен истражувач: д-р Никола Митревски

Соработници: м-р Роза Топузовска – Кареска и м-р Атанас Атанасоски

Опис: Многубројните споменици на црковната архитектура, фрескоживописот, иконописот и предметите од резбата создадени за време на османлиското ропство несомнено имаат значајна улога во настанувањето и развојот на националната култура и уметност кај нас. Имајќи во вид дека во нашата историографија  се уште не се направени целосни истражувања,  се наметна потребата за систематски истражувања и продлабочени проучувања со цел да се идентификуваат и верификуваат спомениците на ликовната уметност од доцновизантискиот период, и особено од времето на Преродбата на територијата на Пелагониската епархија од нејзиното паѓање под османлиска власт па сѐ до балканските војни..

Публикации:

  1. Н. Митревски, Споменици на фрескоживописот од XVI и XVII век во Демирхисарско, Матица македонска, Скопје 2009