ИЗВОРИТЕ НА „СЛАВЈАНОМАЌЕДОНСКАТА ОПШТА ИСТОРИЈА“ ОД ЃОРЃИЈА ПУЛЕВСКИ (СО ПОСЕБЕН ОСВРТ ВРЗ СЛОВЕНСКИТЕ ИЗВОРИ)

Име на проектот: ИЗВОРИТЕ НА „СЛАВЈАНОМАЌЕДОНСКАТА ОПШТА ИСТОРИЈА“ ОД ЃОРЃИЈА ПУЛЕВСКИ (СО ПОСЕБЕН ОСВРТ ВРЗ СЛОВЕНСКИТЕ ИЗВОРИ)

Истражувачка област: Историски науки

Период на реализација: 1994 – 1996

Главен истражувач: академик д-р Ристовски Блаже

Соработници: м-р Билјана Ристовска – Јосифовска

Опис: Славјанскомаќедонската општа историја од Ѓурѓија Пулевски, пишувана за периодот од 1865 до 1892 година, е првата напишана полна историја на македонскиот народ и на Македонија на македонски јазик. Со проучувањето на изворите на Пулевски се откриваат не само сознанијата на неговата лектира, туку и корените на македонската идеологија што потоа вез наулна основа ќе ја развиваат „лозарите“ и корифеите на македонската национална мисла и акција – К. Мисирков и Д. Чуповски и нивните сомисленици и следбеници. Истражувајќи ги изворите се открива етнопсихолошката компонента во процесот на создавање на македонскиот народ. Тоа е истоврамено и важен дел од проучувањето на старата македонска и словенска култура. Целта на овој проект беше запознавање со македонската предсловенска и словенска култура и со етногенезата на македонскиот народ, нејзината историска свест и факторите за формирањето на националната мисла и акција.