ПРВИТЕ СЛОВЕНСКИ НАСЕЛБИ НА БАЛКАНОТ ВО СВЕТЛИНАТА НА АРХЕОЛОШКИТЕ ИСТРАЖУВАЊА НА ЛОКАЛИТЕТОТ “ГРАДИШТЕ” КАЈ СЕЛОТО ДЕБРЕШТЕ

Име на проектот: ПРВИТЕ СЛОВЕНСКИ НАСЕЛБИ НА БАЛКАНОТ ВО СВЕТЛИНАТА НА АРХЕОЛОШКИТЕ ИСТРАЖУВАЊА НА ЛОКАЛИТЕТОТ “ГРАДИШТЕ” КАЈ СЕЛОТО ДЕБРЕШТЕ

Истражувачка област: Археологија

Период на реализација: 1989 – 1990

Главен истражувач: д-р Бошко Бабиќ и академик Витолд Хензел

Соработници: д-р Еугениуш Цнотливи, м-р Бранислав Атанасоски, Милоје Мандиќ, Блага Талеска

Опис: Со систематските теренски истражувања на археолошкиот локалитет “Градиште” кај селото Дебреште, лоциран 25 км западно од Прилеп, беа откриени материјални остатоци од праисторијата, антиката и средниот век, меѓу кои особено значење имаат наодите од рановизантиската тврдина (фортификација, сакрален комплекс, станбени градби, стопански објекти и др.), како и делови од рано и полно средновековната населба (цркви, некрополи, живеалишни, стопански и јавни градби и др.).