Ѕвончарскиот занает во Битола

Ѕвончарскиот занает во Битола

Категорија: Нематеријално културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење

Статус: Не е донесено Решение

Година на изработка: 2012

Главен истражувач: д-р Мери Стојанова, надворешен стручен соработник

Опис на културното добро: Потеклото на ѕвончарскиот занает во Битола е врзано за крајот на 19тиот односно почетокот на 20тиот век. Први занаетчии – ѕвончари во Битола биле двајца браќа – Грци, за кои нема соодветни податоци, додека за третиот мајстор Јани Кокологос кој на почетокот на 20тиот век се доселил од Јанина, Грција во Битола има повеќе податоци бидејќи тој воедно е и мајсторот – учител на денешниот последен битолски ѕвончар – Иван Илиевски.  Посебноста на оваа занаетчиска вештина произлегува од повеќе карактеристики како што се: техничко – технолошкиот процес на изработка, специфични алатки кои се користат при изработка на ѕвонците, еснафскиот празник (Св. Елена и Костадин/Елен-Костадин, 3 јуни), симболиката на ѕвонците во смисла на нивна употреба во различни исклучително важни и сé уште зачувани обредни практики како на пр. бабарите, џоломарите и сл. кои се значајно културно обележје на Македонија.