Тодоринка“ во с. Виничани

Тодоринка“ во с. Виничани

Категорија: Нематеријално значајно културно наследство

Статус: Не е донесено Решение

Година на изработка: 2011

Главен истражувач: д-р Ели Луческа

Соработници: д-р Мери Стојанова

Опис на културното добро: Обичајот „Тодоринка“ се празнува во с. Виничани, Велешко како дел од празнувањето на Тодоров Петок во т.н. Тодорова недела, првата седмица по Проштени Поклади – Прочка. Се состои, главно, од две најзначајни обредни дејствија: сучење на т.н. тодорови свеќи за кои се верува дека имаат исцелителска моќ и заедничка кадена обредна вечера на местото Гумење која се состои од погача, баница т.н. „сукано“, варена царевка и посен грав, при што низ драмска импровизација се поканува св. Тодор да вечера заедно со учесниците.