Празникот „Лазарева сабота“ во Преспа
Празникот „Лазарева сабота“ во Преспа
Категорија: Нематеријално значајно културно наследство
Статус: Не е донесено Решение
Година на изработка: 2011
Главен истражувач: д-р Мери Стојанова, надворешен стручен соработник
Опис на културното добро: Лазарева сабота е ден пред празникот Цветници, односно недела дена пред празникот Велигден. Прославата на Лазарева сабота во Горна Преспа поседува одредени локални обележја. Обредните активности започнуваат во четвртокот, но почесто во петокот и тоа со обредното сечење и украсување на врбовите гранчиња т.н. стапчиња. Главните учесници се обредните поворки составени од групи на девојчиња на 12 и 13 годишна возраст кои пеејќи лазарски песни ги обиколуваат домаќинствата во селата. Домаќините ги дарувале со брашно, јајца, грав, а во поново време со пари.