Празникот „Иванка“ во Ресен

Празникот „Иванка“ во Ресен

Категорија: Нематеријално културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење.

Статус: Решение за заштитено културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење Бр. 45-4175/1 од 16 јули 2019 г.

Година на изработка: 2011

Главен истражувач: д-р Мери Стојанова, надворешен стручен соработник

Опис на културното добро: Празникот „Иванка“ во Ресен се прославува на 7 јули (Иванден/Раѓање на св. Јован Крстител) и е во тесна врска со летниот солстициј од една страна, а од друга страна со иницијација на девојките во предпубертетска возраст. Самото празнување се состои од поголем број обичајно-обредени дејствија: берење на иванденско цвеќе, налевање на вода во ѓумот кој потоа се украсува во кукла „Иванка“, пеење на иванденска песна, обиколка со куклата и нејзино дарување, и растурање на куклата.

Презентација на културното добро: Етнолошка изложба „Иванки“ (фотографии и постер-банери), 14 ноември 2016 г., галерија на спомен-куќата Татарчеви во Ресен, автори: д-р Мери Стојанова, д-р Ели Луческа.