Лазарките од Струшко Поле

Лазарките од Струшко Поле

Категорија: Нематеријално културно наследство од особено значење, поткатегорија исклучително значење

Статус: Решение за заштитено културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење Бр. 45-4199/1 од 16 јули 2019 г.

Година на изработка: 2013

Главен истражувач: д-р Ели Луческа

Соработници: вон. проф. д-р Јоана Ренкас, м-р Горан Василески и Анита Ѓоргоска

Опис на културното добро: Празнувањето на Лазара во Струшко Поле (Ложани, Биџево, Драслајца, Мороишта) има свои посебни карактеристики кои се јавуваат исклучително како локално обележје: 1. Обредни лица се Лазарките, односно обредната лазарска поворка ја сочинуваат младата женска популација до 14-годишна возраст; 2. Празнично-обредниот комплекс вклучува четири (4) дена; 3. Лазарките, од највозрасната до најмалата, се облечени во комплетна празнична народна носија, во невестинска највозрасните – челничките, а во моминска останатите Лазарки, и тоа со сите придружни украсни елементи. Носијата, како и накитот, потекнуваат од крајот на 19-ти до средината на 20-ти век; 4. Репертоарот на лазарските песни е богат и со различна тематска насоченост. Се состои од вкупно девет (9) песни во с. Ложани, пет (5) во с. Драслајца, шест (6) во с. Мороишта и една (1) во с. Биџево; 5. Се изведуваат две (2) лазарски ора во с. Ложани, по едно (1) во с. Драслајца и с. Мороишта, сите кинематографски различни; 6. Обредни реквизити – китки и венци исплетени од зеленика, кукурек и пролетно цвеќе.

Презентација: Етно-филм „Лазарките од Струшко Поле“