Лазарките од Дримкол

Лазарките од Дримкол

Категорија: Нематеријално културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење

Статус: Решение за заштитено културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење Бр. 45-4210/1 од 16 јули 2019 г.

Година на изработка: 2014

Главен истражувач: д-р Ели Луческа

Соработници: м-р Горан Василески и Анита Ѓоргоска

Опис на културното добро: Празнувањето на Лазара во Дримкол (Луково, Вевчани, Радожда, Враништа) има свои посебни карактеристики кои се јавуваат и како локални, но и како регионални обележја: 1. Обредни лица се Лазарките, односно обредната лазарска поворка ја сочинуваат младата женска популација до 16-годишна возраст; 2. Празнично-обредниот комплекс вклучува четири (2) дена; 3. Лазарките, од највозрасната до најмалата, се облечени во комплетна празнична народна носија, во невестинска највозрасните (с. Луково и с. Враништа), а во моминска останатите Лазарки, и тоа со сите придружни украсни елементи. Носијата, како и накитот, потекнуваат од крајот на 19-ти до средината на 20-ти век; 4. Репертоарот на лазарските песни е богат и со различна тематска насоченост. Се состои од вкупно деветнаесет (19) песни во с. Луково, единаесет (11) во с. Радожда и  две (2) во с. Враништа; 5. Обредни реквизити – китки и венци исплетени од бршлен, зеленика, кукурек и пролетно цвеќе.