Во периодот од 21 до 25 октомври ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп во партнерство со одделот за антропологија при Поли-техничкиот универзитет во Хумболт од Арката, Калифорнија започнаа со реализација на проектот културна топографија на Демир Капија. Во овој период тимот составен од двете Институции изведе топографски снимања со LIDAR на дел од Демиркаписката клисура, кои имаа за цел детектирање и мапирање на археолошки структури, како и изработка на 3Д модели од теренот. Овие снимања ќе послужат за разработка на проектна програма за теренски идните археолошки проспекции и ископувања, кои ќе продолжат со реализација следната година.