ИСТОРИСКИ НАУКИ
НАУЧНА ОБЛАСТ ЗА ИСТОРИСКИ НАУКИ
Научната област за историски науки постои од 1980 година, од кога е основан Институтот за старословенска култура. Основната дејсност на работа на оваа научна област е проучување, обработка и претставување на изворниот материјал за македонската предсловенска и словенска историја, култура и етногенеза во периодот од праисторијата до зрелиот феудализам во рамките на историјата на другите балкански, средоземноморски и европски народи, заради извршување на споредбена анализа на сличните, но и на различните историски појави и пројави на наведениот ареал.
Ваквиот споредбен начин на истражување овозможува пошироко и подлабоко проникнување, осмислување и разбирање на типовите на историските појави во исто време на Балканот, во Средноземноморскиот басен и просторите на Европа.
Севкупната научна дејност на оваа научна област е понатаму ќе биде насочена спрема новите стремежи во истражувањата на историјата, кои преку или со помош на антрополошките видувања на историските појави од внатре, помагаат да се доживеат, осознаат и разберат, како настаните така и луѓето од минатите епохи многу поблиску.
Во научната област Историски науки е вработено 1 лице, д-р Атанас Атанасоски, научен советник.
Во рамките на научната област на историските науки беа осмислени и остварени следните проекти:
-1994-1996 Изворите на “Славјаномакедонската општа историја” од Ѓорѓија Пулевски (со посебен осврт врз славјанските извори).
-2000-2002 Општеството и народната култура на територијата на Македонија во периодот VI-XI век.
-2003-2005 Општеството и народната култура на територијата на Македонија во периодот од XI – XIV век.
Историски Науки | Проекти