Претставници на ЈНУ Институт за старословенска култура присуствуваа на генералното собрание на здружението Европска културна рута на св. Кирил и Методиј при Советот на Европа, кое се одржа на 6 ноември во Злин, Република Чешка.
Културната рута св. Кирил и Методиј на Советот на Европа се надоврзува на илјадагодишната културна традиција, поврзана особено со културата на словенските народи, која е трајна поддршка и инспирација за нејзината безвременска димензија создадена од морално силни и образовани личности, свети Кирил и Методиј и нивните ученици. Ова е првата рута која се фокусира на словенското културно наследство призната од Советот на Европа и првата сертифицирана рута со потекло и со седиште во Чешката Република.
Овај проект се фокусира на постоечки локалитети и дестинации кои се поврзани со кирил-методиевото наследство.
Главните цели на оваа културна рута се: создавање на мрежа на членови и партнери, организација на настани од типот на стручни конференции, состаноци, патувачки изложби, работилници,создавање и промовирање на база на податоци на културно наследство на св. Кирил и Методиј.