РАЈОТ И ПЕКОЛОТ ВО МАКЕДОНСКАТА И АЛБАНСКАТА НАРОДНА КУЛТУРА

Име на проектот: РАЈОТ И ПЕКОЛОТ ВО МАКЕДОНСКАТА И АЛБАНСКАТА НАРОДНА КУЛТУРА

Истражувачка област: Етнологија и етногенеза

Период на реализација: 2004 – 2006

Главен истражувач: д-р Танас Вражиновски и д-р Владимир Караџоски

Соработници: д-р Соња Ризоска-Јовановска и проф. д-р Хамид Џафери (Факултет за јазици, култури и комуникација на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово).

Опис: Основната цел на проектот: Рајот и пеколот во македонската и албанската народна култура,  беше  преку теренски и теоретски истражувања да се дојде до веродостојни и автентични материјали сврзани со народните погледи и народните верувања кај Македонците и Албанците за пеколот и рајот, тоа значи на припадници на две различни религии, за нивните разлики и сличности, за  народна филозофија, за времениот живот на човекот на земјата, односно за смислата на животот, кој според народните верувања, е во достигнувањето на бесмртноста. Според тоа, анализата на проектот е насочена да се претстави, не само народниот светоглед во однос на човековиот живот туку и влијанието на религискиот систем врз целокупното верување, мислење и однесување на луѓето на нашето културно милје. Бесмртноста осигурува безгрешен, чесен и благороден живот на земјата, кој води кон рајот, а во спротивност грешноста и нечесноста водат кон пеколот.

Публикации:

  1. Танас Вражиновски, Рајот и пеколот во македонската народна традиција, Матица, Скопје 2006.
  2. Танас Вражиновски, Хамит Џафери, Рајот и пеколот во македонската и албанската народна традиција, Матица, Скопје 2008.
  3. Владимир Караџоски, Рајот и пеколот во македонската и албанската народна традиција (етнографски и фолклорни материјали), ИСК-Прилеп, Прилеп 2009.