Претставници на ЈНУ Институт за старословенска култура присуствуваа како членки на генералното собрание на здружението на Европска културна рута на св. Кирил и Методиј при Советот на Европа, кое се одржа на 21- 23 мај во Скопје, во организација на Институтот за македонска литература при УКИМ со поддршка на Министерството за култура и туризам.
Придружната програма опфати:
Промоција на првиот број на списанието Europe: Along the Cyril and Methodius route и преводот на „На убавата сина Джевнице“ од чешкиот писател Антонин Бајаја во Europe House; Генерално собрание на Европската културната рута на Св. Кирил и Методиј; Научна трибина во Охрид на тема Европската рута на Светите Кирил и Методиј во културното наследство на Охрид и Преспа. Посета на кирилометодиевското наследство во Охрид.
Културната рута св. Кирил и Методиј на Советот на Европа се надоврзува на илјадагодишната културна традиција, поврзана особено со културата на словенските народи, која е трајна поддршка и инспирација за нејзината безвременска димензија создадена од морално силни и образовани личности, свети Кирил и Методиј и нивните ученици. Ова е првата рута која се фокусира на словенското културно наследство призната од Советот на Европа и првата сертифицирана рута со потекло и со седиште во Чешката Република.
Овај проект се фокусира на постоечки локалитети и дестинации кои се поврзани со кирил-методиевото наследство.