ЛИКОВНАТА УМЕТНОСТ ВО ПЕЛАГОНИЈА ОД ПАЃАЊЕТО ПОД ТУРСКА ВЛАСТ ДО БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ
Име на проектот: ЛИКОВНАТА УМЕТНОСТ ВО ПЕЛАГОНИЈА ОД ПАЃАЊЕТО ПОД ТУРСКА ВЛАСТ ДО БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ
Истражувачка област: Историја на уметност
Период на реализација: 2001 – 2003
Главен истражувач: д-р Никола Митревски
Соработници: м-р Роза Топузовска – Кареска и м-р Атанас Атанасоски
Опис: Многубројните споменици на црковната архитектура, фрескоживописот, иконописот и предметите од резбата создадени за време на османлиското ропство несомнено имаат значајна улога во настанувањето и развојот на националната култура и уметност кај нас. Имајќи во вид дека во нашата историографија се уште не се направени целосни истражувања, се наметна потребата за систематски истражувања и продлабочени проучувања со цел да се идентификуваат и верификуваат спомениците на ликовната уметност од доцновизантискиот период, и особено од времето на Преродбата на територијата на Пелагониската епархија од нејзиното паѓање под османлиска власт па сѐ до балканските војни..
Публикации:
- Н. Митревски, Споменици на фрескоживописот од XVI и XVII век во Демирхисарско, Матица македонска, Скопје 2009