С Т А Т У Т
на јавната научна установа
Институт за старословенска култура-Прилеп

  1. ОПШТИ ОДРЕДБИ

Член 1

            Со овој статут се уредуваат: правниот статус; називот, седиштето и обележјата; претставувањето и застапувањето; начинот на вршење на дејноста; организационата поставеност; управувањето; постап-ката за избор во научни звања; вршењето на високо-образовна дејност; самоевалуацијата; одбраната; правните акти и други прашања од значење за работата на јавната научна установа Институт за старословенска култура-Прилеп (во натамошниот текст: Институт). 

Член 2

Институтот е јавна научна установа основана како субјект за вршење научно-истражувачка дејност и високо-образовна дејност за постдипломски и докторски студии од областа на општествените и хуманитарните науки.

Член 3

Институтот има својство на правно лице

Институтот е запишан во Центарлниот регистар на Република Маке-донија.

Институтот е запишан во Регистарот на субјектите кои вршат научно-истражувачка дејност што се води при ресорното министерство на Владата на Република Македонија.

                                                            Член 4

Институтот има своја сметка на која се водат средствата стеканти од Буџетот на Република Македонија и сметки на кои се водат средствата стекнати од други основи и извори.

Во правниот промет со трети лица Институт настапува во свое име и за своја сметка. За обврските преземени во правниот промет со трети лица одговара со средства стекнати од Буџетот на Република Македонија и со средствата стекнати  од други основи и извори.

                                                           Член 5

Институтот е придружна членка на Универзитетот ,,Свети Климент Охридски,, во Битола.

Членувањето и меѓусебните односи се уредуваат со Статутот на Универзитетот и со посебен акт.

Институтот има свои претставници во Универзитетскиот сенат и комисиите на Универзитетот.

Постапката за избор на претставниците и нивното учество во работата и одлучувањето  на Универзитетскиот сенат и комисиите на Универзитетот се утврдени со Статутот на Универзитетот.

 

 

  1. НАЗИВ, СЕДИШТЕ И ОБЕЛЕЖЈА

Член 6

НАЗИВОТ под кој работи Институтот е: Јавна научна установа Институт за старословенска култура-Прилеп.

Во своето работење  Институтот користи скратен назив  кој гласи: ,,ЈНУ-ИСК,,-Прилеп.

СЕДИШТЕТО на Институтот е во Прилеп на ул. ,, Кичевско џаде ,,  бб.

Член 7

 Институтот има свој печат, штембил и амблем.

 ПЕЧАТОТ има форма на круг и во средината го содржи грбот на Република Македонија, а околу грбот во концентрични кругови  е напишано: Република Македонија-Јавна научна установа-Институт за старословенска култура-Прилеп.

Употребата на печатот го врши стручната служба на Институтот.

Печатот се чува во посебно обезбедена просторија а по престанокот на важноста и употребата, печатот се евидентира и останува во трајната архива на Институтот.          

Член 8

ШТЕМБИЛОТ има форма на правоаголник и во него покрај називот на Институтот, означено е местото за архивски број и датум на приемот на документот  што се заведува.

Штембилот се употребува во архивското работење на Институтот

Член 9

АМБЛЕМОТ претставува мотив од дел на старословенска фибула од локалитетот ,,Бресто,, кај село Виничани, Велешко од  VI-VII век, со стилизи-рана претстава на двоглав орел во приближно триаголно поле.

III. ЗАСТАПУВАЊЕ  И ПРЕТСТАВУВАЊЕ

Член 10

Институтот го застапува и претставува директорот на Институтот  во рамките на своите надлежности утврдени со закон и актите на Институтот.

Овластувањата  на директорот се запишуваат во Центарлниот реги-стар на Република Македонија.

Во случај на отсуство или спреченост на директорот, Институтот го застапува и претставува лице  овластено од него.

  1. IV. ДЕЈНОСТ

Член 11

Институтот врши научно-истражувачка дејност од јавен интерес од областа на општествените и хуманитарните науки со цел за проширување на вкупните знаења и унапредување на науката за историскиот и културниот идентитет на македонскиот народ; оспособува и усовршува кадри за научно-истражувачка работа преку мотивирање, насочување и развивање на научно-истражувачките способности кај младите, со избор прифаќање и селекција на научниот подмладок како и преку постдипломски, докторски и други форми на оспособување; ја подобрува и усовршува научно-истражувачката инфраструктура која е во функција на научноистаржувачката дејност на Институтот.

Член 12

Во вршењето на дејноста  Институтот особено :

– собира, систематизира, научно ја обработува, ја презентира и ја публикува севкупната граѓа за историскиот и културниот идентитет на македонскиот народ;

– организира истражувања во областа на етногенезата на македонскиот народ и развојот на неговата култура;

– организира и изведува истражувања од областа на: историски науки (средновековна историја, византологија и национална историја на средниот век); археологија (средновековна археологија и историја на архео-логијата); наука за јазикот-лингвистика (македонистика, славистика и оно-мастика); историја на уметноста (средновековна византиска уметност, сред-новековна национална уметност и национална уметност од турскиот период); етнологија и етногенеза (етнологија на Македонија и фолклористика); и антропологија (културна и социјална антропологија).

– ги следи научните достигнувања во земјата и во странство од областите во кои врши научно-истражувачка дејност;

– организира симпозиуми, научни собири, советувања и сл. во земјата;

– учествува на симпозиуми, научни собири; советувања и сл. во зем-јата и странство;

– соработува со сродни установи и организации во земјата и странство.

Член 13

  За вршење на дејноста од членовите 11 и 12 од овој статут, Институтот донесува годишна и повеќегодишна програма за работа и развој согласно со Националната програма за научно-истражувачка дејност што ја донесува Собранието на Република Македонија. 

Член 14

 Институтот врши високобразовна дејност од втор и трет циклус преку организирање на постдипломски и доктоски  студии од областите на дејноста на Институтот.

За изведување на на студиите од став 1 на овој член соодветно се применуваат позитивните законски прописи и подзаконски акти од областа на високото образование.             

  1. V. ОРГАНИЗАЦИОНА ПОСТАВЕНОСТ

Член 15

               Институтот својата дејност ја врши преку следниве организациони единици:

– Сектор за научно-истражувачка работа;

– Сектор за општи, правни, стручно-административни и сметковод-ствено-финансиски работи.

  1. VI. УПРАВУВАЊЕ

Член 16

Органи на управување на Институтот се Советот и  Директорот.

1.СОВЕТ

            Состав

Член 17

Советот на Институтот го сочинуваат девет членови  од кои шест се претставници на вработените во Институтот, со тоа што најмалку тројца претставници се со звање доктор на науки и тројца  се претставници кои ги определува Владата на Република Македонија.

Избор

Член 18

            Членовите на Советот на Институтот се избираат за време од четири години.

 

 

Член 19

Постапката за избор на претставници во Советот започнува најдоцна 30 дена пред истекот на мандатот на постојниот Совет.

Во случај на предвремен престанок на членството на претставник во Советот по било кој основ, најдоцна до 30 дена по престанокот, се врши дополнителен избор на нов претставник со мандат до крајот на мандатот на постојниот совет.

Член 20

Претставниците на вработените во Советот се избираат по пат на тајно гласање при што учествуваат работниците со научни завања и соработниците-истражувачи избрани во Институтот од редот на студентите на студии од трет циклус-вработени во Институтот.

За избрани претставници на вработените во Советот се сметаат оние научни работници и соработници-истражувачи кои при гласањето добиле најголем број на гласови.

При еднаков број на гласови за избран се смета оној научно-истражувачки работник и соработник-истражувач кој има повисоко звање.

Ако двајца работници со научни завање и соработници-истражувачи со исто звање добијат ист број на гласови, за избран се смета оној кој има подолг стаж во истото звање.

Член 21

Постапката околу спроведувањето на гласањето и пребројувањето на гласовите ја врши комисија составена од три члена од редот на вработените во Институтот со тоа што за членови на оваа комисија не можат да бидат избрани оние вработени кои се можни кандидати за членови на Советот.

Комисијата од став 1 на овој член ја формира Советот на Институтот.

Член 22

Гласањето за избор на претставници во Советот од редот на вработените се врши со гласачки ливчиња.

При гласањето, секој гласач добива по две гласачки ливчиња.

На едното гласачко ливче се претставени работниците со научни звања додека пак на другото гласачко ливче  работниците соработници-истражувачи.

Секој гласач, во гласачкото ливче во кое се претставени работниците со научни звања, заокружува најмалку тројца од предложените кандидати со научни звања-доктори на науки.

Член 23

Советот се конституира најдоцна 8 дена од денот на изборот, односно од  определувањето на претставниците во Советот од страна на Владата на Република Македонија..         

Член 24

Советот има претседател.

Претседателот на Советот ги свикува седниците и претседава со нив, го претставува Советот и се грижи за законско работење на Советот.

За претседател на Советот е избрано лицето кое добило мнозинство на гласови  од вкупниот број од членовите на Советот.

Изборот на претседател се врши со тајно гласање.

Член 25

Во случај на отсутност или спреченост на претседателот, работите  и задачите од негова надлежност ги врши заменикот на претседателот.

Заменикот на претседателот се избира со тајно гласање.

 

Член 26

На седниците на Советот присуствува и директорот на Институтот кој дава предлози и мислања, изнесува ставови и забелешки, но без право на одлучување.

Разрешување

Член 27

Претставникот на вработените се разрешува пред истекот на вре-мето за кое е избран доколку :

– самиот побара да биде разрешен;

– неоправдано отсуствува од три последователни седници;

– е упатен на стручно усовршување во странство на подолг времен-ски период (повеќе од шест месеци);

– е спречен во подолг временски период да учествува во работата на Советот (породилно отсуство, подолготрајно боледување повеќе од шест месеци) и сл.

Член 28

Иницијатива за разрешување на претставник  на вработените во Советот, доколку не се придржува  за Деловникот за работа, ја крши работната дисциплина или не ги исполнува обврските, може да покренат најмалку половина од вкупниот број на членовите на Советот.

Одлуката за разрешување се смета за донесена доколку за неа гласале најмалку две третини од вкупниот број на членови на Советот.

Надлежност

Член 29

Советот на Институтот :

  1. донесува Статут,
  2. донесува програма за работа и развој,
  3. донесува одлука за основање на студии од втор и трет циклус,
  4. донесува финансов план,
  5. донесува годишни сметки,
  6. избира и разрешува директор
  7. донесува акти за обезбедување и внатрешна контрола на квалите-тот на научната и наставно-научната дејност и го следи нивното спрове-дување,
  8. врши избор и преизбор во научни звања,
  9. 9. одлучува за пријавување, прифаќање и финсирање на научно-истражувачки проекти и за издавање на научни трудови и списанија,
  10. 10. усвојува извештаи за реализација на научно-истражувачки проекти,
  11. 11. одлучува за организирање на научни собири, симпозиуми и слично,
  12. одлучува за работите кои се однесуваат на оспособувањето и усо-вршувањето на научно-истражувачките кадри,
  13. одлучува за работите кои се однесуваат на набавка на научна литература и опрема,
  14. одлучува за работите во врска со меѓународната научна соработ-ка,
  15. усвојува годишен извештај за работа,
  16. донесува  правилници и други општи акти,
  17. формира рецензиони комиси за редовен избор и предвремен избор во повисоко научно звање,
  18. избира рецензенти за оценка на научните трудови и формира ред-акциски одбор за списанија на Институтот,
  19. усвојува извештаи од остварени учества на научни собири и сту-диски престои во странство,
  20. донесува Деловник за својата работа,
  21. формира комисија за самоевалуација,
  22. 22. одлучува за отворање на сметки на Институтот,
  23. избира претставник во Универзитетскиот сенат и комисииите на Универзитетот,
  24. врши и други работи утврдени со закон, овој статут и другите општи акти на Институтот.

За одделни научни и стручни прашања Советот може да формира комисии и други работни тела.

  1. ДИРЕКТОР

Избор

Член 30

За директор на Институтот може да биде избрано лице со научно, односно наставно-научно звање кое ги исполнува и следнива услови :

– да е истакнат-афирмиран научен работник од областа на дејноста на Институтот;

– да поседува  способности за организирање на работата на Инсти-тутот,

Кандидатите кои се пријавуваат за избор на директор доставуваат програма за работа на Институтот во мандатниот период.

Член 31

Конкурсната комисија ги разгледува поднесените пријави и утврдува предлог на кандидати (ранг листа) за избор на директор со мнозинство гласови од вкупниот број на членовите,  најдоцна 15 дена од денот на нејзиното формирање.

Конкурсната комисија одлучува во полн состав.

Член 32

Советот на Институтот, врз основа на поднесениот предлог (ранг листа) од Конкурсната комисија, врши избор на директор најдоцна 15 дена од денот на поднесувањето на предлогот.

Изборот на директор се врши со тајно гласање.

Член 33

Постапката за избор на нов директор се спроведува во рок од 90 дена пред истекот на мандатот на постојниот директор.

Врштел на должноста-директор

Член 34

Ако на јавниот Конкурс за избор на директор не се јави никој или Советот не именува директор од предложените кандидати (ранг листа), се распишува нов јавен конкурс.

Во случаите од став 1 на овој член Советот, без конкурс ќе именува вршител на должноста-директор.

Вршителот на должноста директор ги има сите права и должности на  директор и оваа должност може да ја врши до именување на директор а најдолго шест месеци од денот на неговото именување.

Ако не биде именуван директор во периодот од став 3 на овој член, се именува нов вршител на должноста најдолго за време од шест месеци.

Надлежност на директорот.

Член 35

            Директорот на Институтот:

– го застапува и претставува Институтот спрема трети лица и е одговорен за законитоста на работа на Институтот,

– ја предлага програмата за работа и развој  и презема мерки за нејзино спроведување,

– ја предлага организацијата на Институтот,

– ги назначува и разрешува раководните работници во Институтот,

– одлучува за распоредување на вработените на определени работи и задачи,

– ги извршува одлуките на Советот;

– одлучува за потребата од работници, односно за засновање на работен однос;

– ја води и иницира меѓународната соработка и презема мерки за остварување и развивање на научната соработка со сродни научни и високо-образовни установи во земјата и странство,

– го извршува финансискиот план како наредбодател,

– на Советот му поднесува годишен извештај за работата,

               – се грижи за создавање подобри материјални и други услови за вршење на работата во Институтот,

– врши и други работи предвидени со закон, колективен догвор, овој статут и другите општи акти на Институтот.

За извршување на работите од својата надлежност директорот донесува решенија, наредби, и упатства..

Разрешување    

Член 36

Директорот може да биде разрешен пред истекот на времето за кое бил избран и тоа :

– на негово барање,

– ако настане некоја од причините, поради кои според прописи за ра-ботните односи му престананува работниот однос по сила на закон,

– ако не работи и не постапува според закон, Статутот и другите општи акти на Институтот или неоправдано не ги спроведува одлуките на советот и на наставно-научниот совет или постапува во спротивност со нив,

– ако со својата несовесна, неодговорна и неправилна работа предиз-вика поголема штета на Институтот или поради тоа ќе настанат или би можеле да настанат потешки нарушувања во извршувањето на дејноста на Институтот,

– во други случаи утврдени со закон.

Член 37

Иницијатива за разрешување на директорот може да покренат најмалку половината од вкупниот број на претставниците на вработените или Владата на Република Македонија преку своите претставници во Советот.

Одлуката за разрешување на директор се смета за донесена доколку за неа гласало мнозинството од вкупниот број на претставниците на вработените и мнозинството од претставниците на Владата на Владата на Република.

VII. НАСТАВНО-НАУЧЕН СОВЕТ ЗА СТУДИИ ОД ВТОР И ТРЕТ ЦИКЛУС

Член 38

Наставно-научниот совет за постдипломски и докторски студии е орган кој се грижи за организирање и спроведување на високообразовната дејност за постдипломски и докторски студии во Институтот.

Наставно-научниот совет за постдипломски и докторски студии го сочинуваат наставно-научни и научни работници избрани согласно Законот за високото образование и Законот за научно-истражувачката дејност кои учествуваат во изведувањето на наставата на постдипломските и доктор-ските студии. Во работата на наставно-научниот совет учествуваат и по двајца претставници на студентите.

Наставно-научниот совет за постдипломски и докторски студии :

               – иницира постапка за изготвување на проекти за организирање на студии од втор и трет циклус,

– предлага студиски и предметни програми,

– предлага број на студенти кои се запишуваат во втор и трет циклус на студии,

– предлага членови за рецензиони комисии за студии од втор и трет циклус,

– врши и други работи во согласност со законот кои се однесуваат на оствару-вање на високообразовната дејност.

VIII. НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКИ РАБОТНИЦИ

Член 39

Научно-истражувачките работници во Институтот се избираат во слениве научни звања.

– научен соработник

– виш научен соработник

– научен советник

Член 40

Изборот на кандидатите во научни звања се врши по пат на јавен конкурс што го објавува Институтот во дневниот печат.

Директорот на Институтот најдоцна  шест  месеци пред истекот на времето во кое е извршен изборот во научно звање, распишува конкурс за избор во сите научни звања.

Постапката за изборот може да трае најмногу шест месеци. Ако таа не заврши во овој рок, постапката се запира и се распишува нов кокнурс

Член 41

На работникот избран во научно звање може да му престане работниот однос и пред истекот на времето за кое е избран ако:

– подолго време не се усовршува, не придонесува во создавање научен подмладок и развојот и примената на научната  дејност во која е избран,

– ги попречува законските и статутарните активности на Институтот или ги попречува другите членови во остварувањето на нивните права и извршувањето на должностите во Институтот, и сл.

Инцијатива за предвремен престанок на работникот однос во случаите утврдени во став 1 на овој член покренува директорот на Инсти-тутот.

Ако Советот не ја прифати иницијативата од директорот, формира комисија составена од тројца научни советници кои иготвуваат извештај со реферат за лицето за кое се бара предвремен престанок на работниот однос.

Одлуката на Советот по извештајот е конечна.      

  1. САМОЕВАЛУАЦИЈА

Член 42

За проценка на квалитетот на својата научно-истражувачка и висо-кообразовна дејност, Институтот врши внатрешна евалуација (самоевалу-ација)

Самоевалуацијата ја спроведува Комисија за самоевалуација сос-тавена од пет члена од кои четири се  се избираат од редот на работниците со научно звање а еден  од избраните соработници-иистражувчи со мандат од четири години.

Членовите на Комисијата за самоевалуација ги избира Советот на предлог од директорот на Институтот.

  1. X. ЈАВНОСТ ВО РАБОТАТА

Член 43

Работата на Институтот е јавна.

Вработените и јавноста имаат право да бидат информирани за цело-купната работа на Институтот, освен за работите кои со закон или со одлука на Советот на Институтот се утврдени како класифицирана информација

Институтот има своја ВЕБ страница во  Интернет мрежата преку која се обезбедува достапност на релевантните податоци и инфорамации од дејноста и работењето на Институтот.

  1. ОДБРАНА

Член 44

Одбраната на Институтот се организира во согласност со Закон.

Член 45

Во воена состојба Институтот продолжува со остварување на својата дејност заради што во рамките на своето редовно работење во мир, во согласност со законот за одбрана и другите прописи, спроведува соодветни подготовки и изработува документи за работа во воена состојба.

Со спроведувањето на подготовките и преземањето на мерки за заштита и спасување раководи директорот на Институтот.

XII. ОПШТИ АКТИ НА ИНСТИТУТОТ

Член 46

Во Институтот, покрај Статутот се донесуваат и други општи акти кои се однесуваат на остварувањето на правата, обврските и одговорностите од работен однос, организацијата на работата и систематизацијата на работните места и стручното оспособување и усовршување на работниците и други прашања утврдени со закон..

Нацрт  односно предлог актите ги подготвуваат работни тела што ги формира Советот  при што се земаат во предвид сите мислења и забелешки дадени или ставени на седницата за утврдување потребата од нивно доне-сување или при нивната јавна распра.

Член 47

Изменувањето и дополнувањето на Статутот и другите општи акти се врши на начинот како и за нивното донесување.

Член 48

Општите акти на Институтот се објавуваат на огласната табла во Институтот најдоцна  седум дена од денот на нивното донесување а влегуваат во сила  осмиот ден од денот на објавувањето, а по исклучок, што го утврдува Советот, со денот на објавувањето.

Член 49

Донесувањето и усогласувањето на општите акти на Институтот со одредбите на овој статут ќе се изврши во рок од 3 месеци од денот на доби-вање на согласноста за овој статут од Владата на Република Македонија.

Член 50

Толкување на одредбите од овој Статут дава Советот на Институтот.

 

 

 

XII. ПРЕОДНА И ЗАВРШНА ОДРЕДБА

Член 51

Со влегување во сила на овој статут, престанува да важи статутот на Институтот бр.01-88/3 од 05.06.1996 година и Статутарната одлука  за измена и дополнување на Статутот на јавната научна установа Институт за старо-словенска култура-Прилеп бр.02-110/6 од 02.06.2003 година.

Член 52

Овој статут влегува во сила со денот на објавување огласната табла на Институтот, а ќе се објави по добивањето на согласност од Владата на Република Македонија.

 

 

 

 ПРЕТСЕДАТЕЛ

 д-р Никола Митревски