ИНСТИТУТ ЗА СТАРОСЛОВЕНСКА КУЛТУРА
Институтот за старословенска култура – Прилеп е јавна научна установа која е посветена на научно истражување и високообразовни активности во полето на хуманистичките и општествените науки. Негова примарна дејност е да спроведува истражувачки активности од јавен интерес во овие научни области, а со цел да се унапреди општото знаење и да се промовираат научните сознанија за историскиот и културниот идентитет на македонскиот народ. Истражувачките активности на Институтот се одвиваат во научните дисциплини на археологијата, историјата на уметноста, етнологијата, лингвистиката и историјата. Исто така, значаен е придонесот и во креирањето, оформувањето и унапредувањето на истражувачките капацитети на научниот кадар, со особен акцент на истражувачите од помладата генерација преку нивно активно вклучување во активностите на Институтот.
Уште од своите почетоци Институтот се истакнува како значаен научен центар за мултидисциплинарно истражување на културната историја на Балканот. Низ повеќедецениските истражувања во областите на археологијата, историјата на уметноста, историјата, етнологијата и лингвистиката, се има создадено значаен фундус на систематски организирана граѓа, која ја сочинуваат теренски материјали и документација од наведените области.
Примарната цел во дејствувањето на нашата институција е да се постави темел за реализација на фундаментални истражувачки проекти, преку што ќе се создадат специјализирани кадри од повеќе научни подрачја, кои ќе ги прошират сознанијата за културното и историското наследство на македонскиот народ, а истовремено и ќе ја афирмираат научната мисла во европски и светски размери.
Врз основа на погоре споменатото, како конкретни активности во остварувањето на дејноста на Институтот, може да се издвојат:
• Собирање, систематизирање, научна обработка, презентирање и публикување на научни сознанија од областите на историските науки, археологијата, историјата на уметноста, етнологијата и лингвистиката;
• Следење на научните достигнувања во земјата и во странство од областите во кои се врши научноистражувачката дејност;
• Организирање симпозиуми, научни собири, конференции, конгреси, предавања и презентации, како и активно учество на настани од ваков вид организирани од други, сродни институции;
• Остварување на соработка со сродни установи во земјата и во странство.
Мултидисциплинарниот научноистражувачки пристап овозможува стекнување на интегрални и повеќеслојни сознанија за комплексните културолошки процеси кои се одвивале на територијата на Македонија, како и во поширокиот балкански и европски контекст.
Научниот и соработничкиот кадар на Институтот се јавува како автор на бројни научни трудови публикувани во еминентни научни списанија во земјата и во странство, како и на голем број на научни, научно-популарни и стручни монографии. Вработените активно партиципираат и во високообразовните процеси, преку нивните ангажмани во одржувањето на настава на универзитетите во земјата и во странство. Нивната посветеност и заложби во научноистражувачката дејност се општествено препознати, за што говорат бројните признанија и награди кои ги добиле. Институтот е вклучен во различни проекти како домашни така и меѓународни, а соработува со институции и експерти од државата и странство.
Институтот за старословенска култура – Прилеп, од 14 април 2006 година (Сл. весник бр.49/2006) управува со споменикот на природата ‘‘Маркови Кули‘‘ и се грижи за неговото чување и одржување, како од техничко-заштитен аспект, така и од културен, научен, воспитно-образовен и туристичко-рекреативен аспект.
Јавната научна установа Институт за старословенска култура – Прилеп е основана на 15 јули 1979 година (Одлука на Собранието на општата самоуправна заедница на научните дејности, Скопје, бр. 14-101/1), а со својата дејност започнала на 1 јули 1980 година. Од основањето, седиштето на Институтот е лоцирано во Прилеп, но неговите научноистражувачки активности се одвиваат на целата територија на Р Македонија. Институтот е придружна членка на Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола, каде има свои претставници во Сенатот и универзитетските комисии.
Јавната научна установа Институт за старословенска култура – Прилеп (ЈНУ ИСК), е една од седумте Јавни научни установи во Македонија и е придружна членка на Универзитетот ‘‘Свети Климент Охридски‘‘ – Битола, каде има свои претставници во ректорската управа, сенатот и комисиите на Универзитетот.
Како резултат на активностите на Институтот произлегуваат следните публикации и активности:
• Балканославика, светски познато списание со прилози од сите области од дејноста на Институтот;
• Споменици за средновековната и поновата историја на Македонија, извонредни изданија од областа на историографијата, дипломатичко-документарната граѓа како и палеографијата;
• Посебни изданија кои опфаќаат значајни статии од областа на средновековната археологија во Македонија;
• Македонски средновековни ракописи, едиција во континуитет, со монографски трудови од областа на македонското пишано книжевно наследство со јазично-палеографска анализа.
Институтот е организатор и домаќин на значајни научни манифестации, какви што се:
• VI-ти Интернационален конгрес за словенска археологија, одржан во Прилеп, септември 1990 г., и на кој учествуваа еминентни научни профили од цел свет;
• Студиски ден во чест на св. Наум Охридски, одржан во Прилеп, јуни 1993 г., со пригодни реферати на научни работници од Институтот и Друштвото за наука и уметност – Прилеп;
• Научен собир по повод смртта на Кралот Марко, одржан во Прилеп, јуни 1995 г., со тематика од областа на лингвистиката, археологијата, фолклористиката, историјата на уметност;
• Меѓународен научен симпозиум под наслов: 70 години од истражувањето на Јозеф Обрембски во Порече, во партнерство со Собранието на Општината Самоков, одржан во Самоков, септември 2001 г.;
• Меѓународна конференција: Социокултурни аспекти на Евро интеграцијата, одржана во Прилеп, ноември 2008 г., во соработка со Институтот за социолошко-правни истражувања – Скопје и Здружение Мариовско-Мегленски средби;
• Меѓународен симпозиум: Балканот во цивилизацискиот концепт на Европа, ноември 2009 г,. во партнерство со Институтот за национална историја – Скопје.
Во тек е проширување на дејноста на Институтот за старословенска култура – Прилеп со вршење на високообразовна дејност од втор и трет циклус, преку организирање на постдипломски студии и здобивање со докторат на науки од областите на општествените и хуманистичките науки.
Мултидисциплинарниот пристап во научноистражувачката работа, на некој начин, му дава на овој Институт нијанса на посебност и комплексност во заокружувањето и дефинирањето на поставените прашања или проблеми во истражувањата од соодветните области.
Во репрезентацијата на Институтот, посебно место имаат и публикациите:
- Балканославика, светски познато списание со прилози од сите области од дејноста на Институтот, 1-32/33;
- Споменици за средновековната и поновата историја на Македонија, том I-V, извонредни изданија од областа на историографијата, дипломатичко-документарната граѓа како и палеографијата;
- Посебни изданија кои опфаќаат солидни статии од областа на средновековната археологија во Македонија, 1-5;
- Македонски средновековни ракописи, едиција во континуитет, со монографски трудови од областа на македонското пишано книжевно наследство со јазично-палеографска анализа, 1-7.
Институтот е организатор и домаќин на значајни научни манифестации, какви што се:
- VI-ти Интернационален конгрес за словенска археологија, одржан во Прилеп, септември 1990 г., и на кој учествуваа еминентни научни профили од цел свет;
- Студиски ден во чест на св. Наум Охридски, одржан во Прилеп, јуни 1993 г., со пригодни реферати на научни работници од Институтот и Сруштвото за наука и уметност – Прилеп
- Научен собир по повод смртта на кралот Марко, одржан во Прилеп, јуни 1995 г., со тематика од областа на лингвистиката, археологијата, фолклористиката, историјата на уметност;
- Меѓународен научен симпозиум под наслов: 70 години од истражувањето на Јозеф Обрембски во Порече, во партнерство со Собранието на општината Самоков, одржан во Самоков, септември 2001 г.
- Меѓународна конференција: Социокултурни аспекти на Евро интеграцијата, одржана во Прилеп, ноември 2008 г., во соработка со Институтот за социолошко-правни истражувања – Скопје и Здружение Мариовско-Мегленски средби
- Меѓународен симпозиум: Балканот во цивилизацискиот концепт на Европа, ноември 2009 г,. во партнерство со Институтот за национална историја – Скопје.