Back
Branislav

д-р Бранислав Ристески

Научен советник

Биографски  податоци

Д-р Бранислав Ристески е роден на 24.04.1959 година во Прилеп, каде што завршил основно и средно образование. Во 1983 година ги завршил студиите на Наставно-научната и студиска група за историја на уметноста со археологија при Филозофскиот факултет во Скопје со одбрана на дипломската работа со наслов: “ Ранохристијански сакрални објекти во Прилепскиот крај ”. После положените испити и одбраната на магистерскиот труд со наслов “ Средновековна кујнска керамика од Република Македонија VII – XIV век ” на Филозофскиот факултет во Скопје, Институт за историја на уметноста со археологија, на 31.10.1998 година се стекнал со звање магистер по археологија. На Филозофскиот факултет во Скопје, на ден 5.11.2002 година ја одбранил дисертацијата со наслов: “Средновековно грнчарство во централните делови од Балканскиот Полуостров” и се стекнал со звање доктор на археологија.

 

Работна биографија

Во 1988 година се запослил во Институтот за старословенска култура во Прилеп на работното место помлад асистент, а во 1998 година, после одбраната на магистерскиот труд и изборот во звање ( Билтен на Универзитетот “ Св. Климент Охридски ”- Битола, бр. 189, Битола 1998, 63-64. ) на работното место асистент-истражувач.

После одбраната на докторската дисертација и изборот во звање (Билтен на Универзитетот “ Св. Климент Охридски ”- Битола, бр. 244, Битола 2004, 84-88.), бил распореден на работното место научен соработник, истотака во  ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп.

Во 2006 година бил избран во звање виш научен соработник во ЈНУ Институт за старословенска култура –  Прилеп (Билтен на Универзитетот “ Св. Климент Охридски ”- Битола, бр. 290, од 1.12.2006 г.,, 18-23).

Во 2012 година бил избран (Билтен на Универзитетот “ Св. Климент Охридски ”- Битола, бр. 347, од 1.12.2012 г., 36 – 43.), во звање  научен советник.

2017 година повторно бил избран во звање научен советник (Билтен на Универзитетот “Св. Климент Охридски”- Битола, бр. 427 од 02.05. 2017 година 82 -92).

Учество во реализацијата на национални научноистражувачки и стручно – научни проекти

  • “Средновековен Прилеп, раносредновековни словенски населби, настанување и развиток на градската населба и тврдината Маркови Кули”, (1981 – 1990 г.), главен истражувач д-р Бошко Бабиќ;
  • “Првите словенски населби на Балканот во светлината на археолошките истражувања на локалитетот Градиште кај селото Дебреште”, (1981 – 1990 г.), главен истражувач д-р Бошко Бабиќ;
  • “Карактеристики и специфичности на културата на Македонските Словени од доселувањето до крајот на XIV век во светлината на археолошката документација”, (1984 – 1990 г.), главен истражувач д-р Бошко Бабиќ;
  • “Раносредновековни населби и некрополи во Македонија од VI/VII до VIII век”, (1988 – 1990 г.), главен истражувач д-р Бошко Бабиќ;
  • “Материјалната култура на народите во Македонија“, (1996-1998 г.), главен истражувач академик Блага Алексова;
  • “Културно – ликовно минато на Мариово” (1989-1998 г.), главен истражувач проф.д-р Петар Миљковиќ – Пепек;
  • “Убикација на средновековна Битола” (1996-2001 г.), главен истражувач д-р Томе Јанакиевски;
  • “Кралството на Античките Македонци” (2008-2010 г.), главен истражувач проф. д-р Виктор Лилчиќ.
  • “Археолошки истражувања на локалитетот Колкот, с. Подмол “ (1988) во организација на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп;
  • “Систематски археолошки истражувања на локалитетот Скупи, Скопје“ (1988) во организација на НУ Завод за заштита на спомениците на културата на град Скопје ;
  • “Заштитни археолошки истражувања на локалитетот Џамија, с. Јаболце “ (1990) во организација на Завод за заштита на спомениците на културата на град Скопје;
  • “Заштитни археолошки истражувања на локалитетот Скупи, Скопје“ (1991) во организација на НУ Завод за заштита на спомениците на културата на град Скопје ;
  • “Систематски археолошки истражувања на локалитетот Хераклеја, Битола“ (1998) ) во организација на НУ Завод за заштита на спомениците на културата, музеј и ликовна галерија – Битола;
  • “Систематски археолошки истражувања на локалитетот Хераклеја, Битола“ (1999) во организација на НУ Завод за заштита на спомениците на културата, музеј и ликовна галерија – Битола;
  • “Систематски археолошки истражувања на локалитетот Хераклеја, Битола“ (2000) во организација на НУ Завод за заштита на спомениците на културата, музеј и ликовна галерија – Битола;
  • “Систематски археолошки истражувања на локалитетот Хераклеја, Битола“ (2007) во организација на НУ Завод за заштита на спомениците на културата, музеј и ликовна галерија – Битола;
  • “Систематски археолошки истражувања на локалитетот Кале, Скопје“ (2008) во организација на Управата за заштита на културното наследство – Скопје;
  • “Систематски археолошки истражувања на локалитетот Хераклеја, Битола“ (2011) во организација на НУ Завод за заштита на спомениците на културата, музеј и ликовна галерија – Битола;
  • Проект за санација, реконструкција и ревитализација на црквата Успение на Пресвета Богородица, Трескавец(2014) во организација на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј, Прилеп .
  • Проект за санација, реконструкција и ревитализација на магерничкиот конак од манастрирот Успение на Пресвета Богородица, Трескавец, с. Дабница(2016) во организација на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј, Прилеп .
  • Проект за санација, реконструкција и ревитализација на северниот конак од манастрирот Успение на Пресвета Богородица, Трескавец, с. Дабница (2016) во организација на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј, Прилеп.
  • Проект за санација, реконструкција и ревитализација на источниот конак од манастрирот Успение на Пресвета Богородица, Трескавец, с. Дабница(2017) во организација на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј, Прилеп .

Раководител на национални научноистражувачки и стручно-научни проекти

  • “Заштитни археолошки истражувања на манастирскиот комплекс Св. Никола во селото Манастир-Мариово “ (2004) во организација на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп;
  • “Заштитни археолошки истражувања на манастирскиот комплекс Св. Никола во селото Манастир-Мариово “ (2005) во организација на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп;
  • “Заштитни археолошки истражувања на манастирскиот комплекс Св. Никола во селото Манастир-Мариово “ (2007) во организација на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Прилеп;
  • “Заштитни археолошки истражувања на локалитетот Панагириште, Варош-Прилеп “ (2007) во организација на ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп

–   “Доцноантички и средновековни населби во Северна Пелагонија” (2004-

2006);

–   “Археолошки истражувања на манастирскиот комплекс Св. Преображение

крај селото Зрзе” (2008);

  • “Систематски археолошки истражувања на културниот комплекс Тескавец, с. Дабница” (2008);
  • “Систематски археолошки истражувања на културниот комплекс Св. Преображение крај селото Зрзе” (2009);
  • “Доцноантички и средновековни населби во Северна Пелагонија, Мариово и Порече” (2009-2012).
  • Доцноантички и средновековни населби во Северна Пелагонија, Мариово и Порече(2013-2016) .
  • Конзервација на металните наоди откриени при истражувањата на манастирскиот комплекс Св. Никола во селото Манастир – Мариово, 2013 година”.
  • Систематски археолошки истражувања на манастирскиот комплекс Св.Никола во селото Манастир – Мариово, 2013 година”.
  • Дигитализација на археолошката документација од археолошкиот комплекс Св.Преображение кај селото Зрзе, 2013 година”.
  • Систематски археолошки истражувања на комплекстот Маркови Кули, Варош- Прилеп, 2014 година”.
  • Дигитализација на документацијата од археолошките истражувања на локалитетот Св.Никола во селото Манастир – Мариово, 2014 година”.
  • Археолошки истражувања во функција на конструктивно зајакнување на темелите од црквата Св.Никола во селото Манастир –Мариово, 2014 година”.
  • Конзервација на металните наоди од археолошкиот комплекс Св. Преображение кај селото Зрзе, 2014 година”.
  • Археолошки истражувања на комплексот Трескавец, с. Дабница, 2014 година”.
  • Систематски археолошки истражувања на комплексот Маркови Кули, Варош – Прилеп, 2015 година”.
  • Археолошки истражувања на просторот од магерничкиот конак во рамките на манастрискиот комплекс Трескавец, с. Дабница, 2016 година”.
  • “Систематски археолошки истражувања на комплексот Трескавец, с. Дабница, 2016 година”.
  • “Археолошки истражувања на Уметничката галерија во Битола Јени џамија, 2017 година”.

Учество во реализацијата на меѓународни научноистражувачки и стручно-научни проекти

  • “Етнокултурни паралели” (1980-1983), главни истражувачи д-р Бошко Бабиќ и d-r Ivona Dombrowska;
  • “Етнокултурни паралели” (19841989), главни истражувачи д-р Бошко Бабиќ и d-r Ivona Dombrowska;
  • “Методологија на дигитализирање на археологијата, историјата, историјата на уметноста и етнологијата” (2007), главен истражувач проф. Д-р Данчо Давчев;
  • “Примена на современите аналитички инструментални техники за испитување на античката мат-боена керамика и некои византиски ументички наоди” (2007 ), главен истражувач проф.д-р Биљана Минчева – Шукарова.

Раководител на меѓународни научноистражувачкии стручно-научни  проекти

  • “Словените во република Македонија”, како сегмент од меѓународниот проект “Словените во Европа” /кораководител/.

Учество на научни собири

  • На Научната конференција на младите научници од Балканот, одржана 1002 година во Софија учествувал со трудот: “Доцносредновековна трпезна керамика од Македонија ( XII – XIV век)” ;
  • На научниот собир по повод јубилејот на Институтот за историја при УКИМ, одржан 2007 година во Скопје, учествувал со трудот: “Словено-византиски елементи во раносредновековната садова керамика од Република Македонија” ;
  • На меѓународниот научен собир “Социокултурни аспекти на евроинтеграцијата”, одржан 2008 година во Прилеп го презентирал трудот: “Културно наследство во регионот Мариово”;
  • Со трудот: “Комплексните истражувања како основ за туристичка валоризација на културното наследство врз примерот на културните целини во Северна Пелагонија и Мариово”, учествувал на меѓународниот симпозиум “Туризмот во 21 век“, одржан во 2010 година во Скопје;
  • На Македонско-рускиот научен собир Македонија и Русија/СССР (историја-политика-култура) од Првата Светска Војна до формирањето на современата македонска државност (1914-1944), одржан во Охрид на 17-18.IX.2008, во организација на МАНУ, учествувал со трудот: “Придонесот на руските научници во проучувањето на средновековното грнчарство во Република Македонија”;
  • Со трудот: “Најраните манифестации на христијанството во регионите на Мариово и Северна Пелагонија”, учествувал на меѓународниот научен собир Ниш и Византија IX, одржан во Ниш во 2010.
  • Со трудот: “Цеметеријално плато во рамките на старохристијанскиот комплекс на локалитетот Св.Преображение кај селото Зрзе”, учествувал на меѓународниот научен собир Ниш и Византија XII, одржан во Ниш во 2013.
  • Со трудот “Делото на Свети Климент Охридски и монашката населба од доцниот IX и почетокот на X век до средината на XV век на локалитетот Свето Преображение кај селото Зрзе ”, учествува на научниот собир “Милениумското значење на Св.Климент Охридски” одржан во Скопје 28-29 октомври 2016 година, во организација на Македонската академија на науките и уметностите.
  • На меѓународниот научен собир “Биогеографска целина Маркови Кули, природни содржини и културни вредности”, одржан од 20 до 21 септември 2018 година во Прилеп учествувал со трудовите “Доцната антика и Средниот век на просторот од биогеографската целина Маркови Кули” и “Средновековен Прилеп – основни етапи во развитокот на населбата”.

 

Учество на стручни собири

  • Прелиминарни сознанија и одделни движни наоди презентирал во рамките на изложбата “Археологијата во 2009 година во Република Македонија“, одржана во НУ Музеите на Македонија, Скопје, при што бил презентиран и плакат со издвоени археолошки целини од локалитетот Св. Преображени крај селото Зрзе;
  • Во 2012 година, во Стар Дојран учествувал на симпозиумот на МАНД со прилогот “Засводената гробница во рамките на старохристијанскиот комплекс на локалитетот Св. Преображение крај селото Зрзе“.

Научно-наставна дејност

Во 2011 година учествувал во одбраната на докторската дисертација на д-р Миланчо Миленкоски, “Ранохристијански сакрални објекти во сливот на реката Брегалница“, како ментор.

Организационо-развојна дејност

      Во периодот од 2005 до 2009 година бил директор на ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп.

Во времето од 2008 до 2010 година учествувал во работата на Одборот за манастирот Успение на Пресвета Богородица, Трескавец.

Од 2018 година е директор на ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп (Сл.весник на Р.Македонија бр.123. од 4.7.2018 година).

Научни собири

Во соработка со Институтот за социолошки и политичкоправни истражувања – Скопје, ЈНУ Институтот за старословенска култура – Прилеп, во периодот од 14 до 15 ноември 2008 година, во Прилеп бил организиран меѓународниот научен собир “Социо-културни аспекти на евроинтеграцијата”.

Член на организациониот одбор на меѓународниот научен собир по повод 35 години од основањето на ЈНУ Институт за старословенска култура-Прилеп.

Во 2018 година е претседател на организациониот одбор на меѓународниот научен собир “Биогеографска целина Маркови Кули, природни содржини и културни вредности”, одржан од 20 до 21 септември 2018 година во Прилеп.

 

Издавачка дејност

Во периодот од 2005 до 2008 година бил главен уредник на научното списание на ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп, Balcanoslavica.

Во истиот период бил и главен уредник на едицијата на монографии на ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп.

Во периодот од 2016 до 2018 година е член на издавачкиот одбор на на научното списание на ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп, Balcanoslavica.

Од 2018 година е главен уредник на научното списание на ЈНУ Институт за старословенска култура-Прилеп, Balcanoslavica.

 

Стручно-апликативна дејност

Изработка на стратегиски документи

Активно учествувал во подготовката на “Законот за прогласување на локалитетот Маркови Кули за споменик на природата “ (Сл.весник на Р.Македонија бр.49 од 14.4.2006 година, 8-11).

При изработката на нацрт-верзијата на “Планот за управување на споменикот на природата Маркови Кули”, учествувал во финалното вообличување на овој стратегиски документ, при што ја изработил и студијата за културното наследство во рамките на споменикот на природата Маркови Кули.

Учество во изработката на елаборатот за ревалоризација на споменикот на културата Маркови Кули, Прилеп.

Учество во изработката на нацрт-верзијата на “Планот за управување на споменикот на природата Маркови Кули, Варош-Прилеп” (2012).

Учество во изработката на елаборатот за ревалоризација на споменичната целина  Варош, Прилеп.

Информативни табли

Информативни табли за културните содржини на просторот од споменикот на природата Маркови Кули, Варош-Прилеп, финансирани од УНЕСКО.

 

 

Непосредна заштита на материјалните остатоци

Археолошки надзор врз земјените работи при санацијате, реконструкцијате и ревитализацијата на западниот конак од манастрирот Успение на Пресвета Богородица, Трескавец, с. Дабница, 2016 година.

Археолошки надзор врз земјените работи при санацијате, реконструкцијате и ревитализацијата на северниот конак од манастрирот Успение на Пресвета Богородица, Трескавец, с. Дабница, 2016 година.

Археолошки надзор врз земјените работи при санацијате, реконструкцијата и ревитализацијата на источниот конак од манастрирот Успение на Пресвета Богородица, Трескавец, с. Дабница, 2017 година.

Археолошки надзор врз земјените работи при санацијате, реконструкцијата и ревитализацијата на источниот конак од манастрирот Успение на Пресвета Богородица, Трескавец, с. Дабница, 2018 година.

 

Б И Б Л И О Г Р А Ф И Ј А

  • “Доцносредновековна трпезна керамика од Македонија ( XII – XIV век)”, проч. на Конференција на млади научници од Балканот, Софија 1990.
  • “Раносредновековни наоди од Скупи”, Македонско наследство број 19, Скопје 2002; Early Medieval Findings from Scupi, Macedonian Heritage 19, Skopje 2002, 71-81.
  • “Ранохристијанска камена пластика од Трескавец кај Прилеп”, Македонско наследство број 20, Скопје 2002; Early Christian architectural stone elements from the monastery of Treskavetz at Prilep, Macedonian Heritage 20, Skopje 2002, 71-81.
  • “Средновековна садова керамика од Скопско”, Македонско наследство број 21, Скопје 2003; Medieval Ceramics from the Skopje Area, Macedonian Heritage 21, Skopje 2003, 48-71.
  • “Раносредновековно грнчарство во централните делови од Балканскиот Полуостров”, Научно списание Универзитет Св. Климент Охридски – Битола, година II, број 2, Битола 2006, 277-312.
  • “Раносредновековна садова керамика од Република Македонија”, Археолошки откритија на почвата на Македонија, Прилози за истражувањето на историјата на културата на почвата на Македонија, МАНУ, книга 19, Скопје 2008, 1035 – 1064.
  • “Словено-византиски елементи во раносредновековната садова керамика од Република Македонија”, проч. на научниот собир по повод на јубилејот на Институтот за историја при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје, Скопје 2007.
  • “Комплексните истражувања како основ за туристичка валоризација на културното наследство врз примерот на културните целини во Северна Пелагонија и Мариово”, Меѓународен симпозиум “ Туризмот во 21 век “, Скопје 2008, 789 -796.
  • “Научно-истражувачки проект – Доцноантички и средновековни населби во Северна Пелагонија”, Македонски археолошки преглед 1. Скопје 2008; Scientific-investigation Project – Late Antique and Medieval Settlements in Northern Pelagonija, Macedonian Archaeological Review 1, Skopje 2008, 251-258.
  • “Маркови Кули, Варош-Прилеп, сектор Средкули и сектор Рамниште”, Македонски археолошки преглед 1. Скопје 2008; Markо s Towers, Varosh – Prilep, sector Sred Kuli and sector Ramnishte, Macedonian Archaeological Review 1, Skopje 2008, 259 – 263.
  • “Културно наследство во регионот Мариово”, проч. на Меѓународниот научен собир “ Социо-културни аспекти на евроинтеграцијата ”, одржан 14-15 ноември 2008 година во Прилеп.
  • “Монашка населба “Св. Преображение”, с. Зрзе”, Македонски археолошки весник бр. 3, год. I, октомври 2009.
  • “Зрзе, 2009”, Македонски археолошки весник бр. 5, год. II, јануари/февруари 2010.
  • “Најраните манифестации на христијанството во регионите на Мариово и Северна Пелагонија”, Ниш и Византија IX, The Earliest Manifestations of Christianity in the regions of Mariovo and North  Pelagonia, Nis and Byzantium, Nineth Symposium, Nis 2011, 203-226.
  • “Придонесот на руските научници во проучувањето на средновековното грнчарство во Република Македонија”, Македонија и Русија/СССР (историја-политика-култура) од Првата Светска Војна до формирањето на современата македонска државност (1914-1944), материјали од Македонско-рускиот научен собир Охрид 17-18.IX.2008, МАНУ, 2011, 141-148.
  • “Засводената гробница во рамките на старохристијанскиот комплекс на локалитетот Св. Преображение крај селото Зрзе”, проч. на симпозиумот на МАНД во Стар Дојран во 2012 год.
  • “Развитокот на фортификацијата на локалитетот Маркови Кули, Варош-Прилеп”, Македонско наследство 40 – 41, Скопје 2013; Macedonian Heritage 40-41, Skopje 2013, 56-82 .
  • “Цеметеријално плато во рамките на старохристијанскиот комплекс на локалитетот Св.Преображение кај селото Зрзе”, проч. на меѓународниот научен собир Ниш и Византија XII, одржан во Ниш во 2013.
  • “Панагириште”, Варош-Прилеп, Македонски археолошки преглед 2, Скопје; Macedonian Archaeological Review 2. /во печат/
  • “Археолошки истражувања на манастирскиот комплекс Св. Никола во селото Манастир-Мариово”, Македонски археолошки преглед 2, Macedonian Archaeological Review 2, Skopje. /во печат/
  • “Систематски археолошки истражувања на манастирскиот комплекс Св. Преображение кај селото Зрзе”, Македонски археолошки преглед 3, Macedonian Archaeological Review 3, Skopje. /во печат/
  • “Систематски археолошки истражувања на културниот комплекс Трескавец, с.Дабница”, Македонски археолошки преглед 3, Macedonian Archaeological Review 3, Skopje. /во печат/
  • “Основни тенденции во развитокот на раносредновековното грнчарство од централните делови на Балканскиот Полуостров”, Македонско наследство 42, Скопје, Macedonian Heritage 40-41, Skopje.
  • “Средновековни наоди од словенскиот културен круг во Република Македонија”, Macedoniae Acta Archaeologica 23, Скопје. /во печат/
  • “Основни тенденции во развитокот на раносредновековната садова керамика од централните делови на Балканскиот Полуостров”, Folia Arheologica Balkanica, vol. III, Skopje 2015, 531-540.
  • “ Словенски наоди од раниот и полниот среден век во Република Македонија”, Зборник на трудови 20, Битола 2017, 138-151.
  • “Делото на Свети Климент Охридски и монашката населба од доцниот IX и почетокот на X век до средината на XV век на локалитетот Свето Преображение кај селото Зрзе ”, научен собир “Милениумското значење на Св.Климент Охридски” Скопје 28-29 октомври 2016 година, МАНУ, Скопје 2017 г., 341-352.
  • “ Средновековни наоди од словенскиот културен круг во Република Македонија”, Macedoniae acta archaeologica, бр. 21 (2018-2010), Скопје 2019 г., 415 – 426.
  • “Доцната антика и Средниот век на просторот од биогеографската целина Маркови Кули”, проч. на меѓународниот научен собир “Биогеографска целина Маркови Кули, природни содржини и културни вредности”, одржан од 20 до 21 септември 2018 година во Прилеп .
  • “Средновековен Прилеп – основни етапи во развитокот на населбата” проч. на меѓународниот научен собир “Биогеографска целина Маркови Кули, природни содржини и културни вредности”, одржан од 20 до 21 септември 2018 година во Прилеп .

 

монографии:

  • “Градешница: римска вила и ранохристијански сакрален комплекс”, Скопје 2011; Gradeshnica: Roman villa and Early Christian sacred compleh, Skopje 2011.
  • “Markovi Kuli near Prilep”, The most significant values of the cultural and natural heritage, Skopje 2017.
  • “Маркови Кули, Варош-Прилеп”, ед. Најзначајни споменици на природата и културата, Скопје 2018.
mk_MK