
„Eтнографски и фолклорни и теренски материјали“ од д-р Владимир Караџоски
Основна цел на овој труд е запознавање на пошироката научна и стручна јавност со теренските материјали, кои научниот и стручен кадар од Етнолошкиот оддел во Институтот за старословенска култура успеа да ги собере при реализира на првиот фундаметален етнолошко фолклористички научноистражувачки проект: „МАКЕДОНСКА НАРОДНА МИТОЛОГИЈА“. Предмет на истражување беше една од позначајните области на народната култура – митологијата, која содржи група на верувања, односно митолошки ликови и претстави и, поврзани со нив, разновидни магиско – религиозни практики кои на своевиден начин овозможија да го откриеме народниот светоглед на историско-стадијалниот развиток на македонскиот етнос и неговата духовна култура.
д-р Владимир Караџоски