Покана за Јавна расправа за Планот за управување со Споменик на природата „Маркови Кули“ – Прилеп (2020-2030)
П О К А Н А
Почитувани,
Согласно Законот за заштита на природата (“Сл. Весник на РМ“ , бр.67/04, 14/06, 84/07, 35/10, 47/11, 148/11, 59/12, 13/13, 163/13, 41/14, 146/15, 39/16, 63/16 и 113/18), „во постапката за донесување на План за управување со заштитено подрачје, органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на заштита на природата и субјектот кој управува со заштитеното подрачје, се должни да организираат јавна расправа“.
Во таа насока ЈНУ „Институт за старословенска култура“ – Прилеп како субјект кој управува со Споменикот на природата „Мaркови Кули“ и министерството за животна средина и просторно планирање, на ден 31.01.2020 година (петок) во 12.00 часот во собраниската сала на општина Прилеп ќе одржат Јавна расправа по Планот за управување со Споменикот на природата „Маркови Кули“ – Прилеп.
Со Вашето учество на престојната Јавна расправа очекуваме, од аспект на Вашите надлежности да партиципирате и да допринесете во процесот на донесување на овој документ кој е од особено значење за остварување на заштитата и управувањето со Споменикот на природата „Маркови Кули“.