
Фолклорни и етнографски теренски материјали, Институт за старословенска култура
Содржината на оваа книга произлезе од повеќегодишната работа на научно – истражувачките проекти: „Македонска народна митологија“ (1992-1997) и „Пеколот и рајот во македонската и албанската народна култура“ (2004-2006), прифатени и одобрени за работа од страна на Министертвото за образование и наука на Р Македонија.
Основната цел на книгата е да ги запознае, пред сè, научните и културните работници, студентите на општествените и хуманистичките науки (етнологија антропологија, социологија, историја, јазик), со веродостојни и автентични теренски материјали поврзани со народната култура, со народните погледи, народните верувања, народната религија, обичаи, јазик, со народниот живот и култура на Македонците и Албанците застапен на територијата на РС Македонија.
д-р Владимир Караџоски