
Проект „Digital environments for digital cultural realities (DIENDICURE)
Проектот „DIGITAL ENVIRONMENTS FOR DIGITAL CULTURAL REALITIES (DIENDICURE) – Spatial GIS-based platform for advanced level of management and analytics on the data of the Central register of the cultural heritage of the Republic of Macedonia“, финансиран од Делегацијата на Европската Унија во Скопје и Министерството за култура на РС Македонија, а имплементиран од ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп под раководство на м-р Христијан Талевски, асистент-истражувач. Проектот е финансиран во склоп на Програмата за одбележување на Европската година на културното наследство 2018. Во текот на 2019 година преку ЗГ Менелај со поддршка од Министерството за култура системот е надограден со модул / база со податоци со туристички карактер.
Промоцијата се одржа на 30 ноември 2018 година во ЕУ Инфо Центарот во Скопје, а промоцијата на надградениот систем се одржа на 12.12.2019 година во Градска библиотека Борка Талески во Прилеп.
Со користење на иновативни ГИС напредни и најдобри практики за дигитална имплементација во интерактивна и контекстуализирана средина, се изгради повеќенаменски и иновативен производ, лоциран во виртуелен простор. Иновативен од аспект на визуелните, естетските и креативните искуства од користењето на платформата. Во последниве години, сведоци сме на постојан растечки тренд во користењето на дигитални и квантитативни методи за проучување на развојот на античките градови и нивната околина. Секојдневно станува сè послободен пристапот до големи количини на податоци за археолошкото културно наследство како резултат на напредокот во користењето на информатички технологии во комбинација со археолошката интердисциплинарност.
Финалниот продукт од Проектот претставува просторна визуелизација на неколку селектирани пејзажи и средини, стратифицирани во текот на изминатите векови, изградена врз основа на достапни релевантни податоци за недвижното археолошко културно наследство. Со ригорозен пристап во обработката на податоците преку користење на слободен софтвер и информации за теренот на РС Македонија, се доби виртуелна средина автентична на природната. Оваа средина нуди пристап до детални просторни информации за недвижното културно наследство на Скупи, Стоби, Хераклеја Линкестис, Лихнид, Баргала и Големо Градиште кај с. Коњух. Под детални се подразбира географски и просторни информации од секој вид, вклучително, и податоци за хронологијата на развојот на градбите и на целите населби, за нивната локација, степен на заштита и загрозеност. Врз тие податоци можат да се вршат мерења и анализи на повеќе нивоа. ГИС платформата како дефиниран сет од методи, софтвер и технологии развиени специјално за складирање, мапирање, геолошка, хидролошка и просторна анализа ќе нуди потенцијал за интегриран приод, кој може да се користи за истражување и промоција. Најголемото достигнување е обезбедувањето на слободен интернет пристап до дел од ресурсите вградени во системот, со цел промоција на овој мал дел од богатото културно наследство на РС Македонија.
Превенцијата од оштетување и мониторингот врз културното наследство, преку користење на современите дигитални технологии, се вистинската заштита на културното наследство. Овој Проект е базиран на применети меѓународни стандарди, нови технологии и методи и докажани, најдобри практики во функција на унапредување на заштитата на културното наследство. Истовремено, овој продукт ќе се користи за негова презентација и популаризација. Со отворањето на пристапот до овој систем се постигнува повисоко ниво во користењето на културното наследство во функција на негова одржливост. Тоа е наша обврска, и поддршката и понатамошното развивање на системот ќе биде силна стимулација во менаџирањето на културните ресурси, зајакнување на основата за соодветен развој, заштита и валоризација на спомениците на културата, но и генерално, за унапредување на постојниот кон одржлив туризам во иднина. Најискрено се надеваме дека стекнатото искуство при развивањето на моделот и методологијата развиена од м-р Христијан Талевски, ќе најде свое место во практичната реализација на стратегиите на Управата за заштита на културното наследство и на Министерството за култура на РС Македонија.
Интернет страна – http://diendicure.mk
Линк од презентација
https://isk.edu.mk/wp-content/uploads/2019/12/Talevski-Digitalni_tehnologii_kulturno_nasledstvo_2019.pdf