
Проект: Култ и календар на светите рамноапостоли Кирил и Методиј во Полска. Историја и традиција.
Д-р Ели Луческа, научен советник во ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп.
Проект: Култ и календар на светите рамноапостоли Кирил и Методиј во Полска. Историја и традиција.
Период: 1.10.2021 – 31.7.2022.
Финансиран од Narodowa Agencja Wymyani Akademckej, Polska во рамките на научниот престој во Instytut Filologii Słowiańskiej, Widział Filologii Polskiej i Klasycznej, Uniwersytet im. Adama Mickiewicza w Poznaniu.
- Научниот престој во целост e посветен и валозиризан на проектот „Култ и календар на светите рамноапостоли Кирил и Методиј во Полска. Историја и традиција“ и подготовка за печатење на научноистражувачка монографија насловена: „Култот кон словенските апостоли и учители свети Кирил и Методиј во Полска.“ Истата, ќе претставува значителен научен придонес, не само за полската наука, туку првенствено за македонската историоргафија, имајќи го предвид фактот дека оваа проблематика не е доволно застапена, ниту пак издадена е исцрпна интердисциплинарна публикација.
- Следниот, не помалку важен резултат, се здобиените знаења, практични вештини и техники, потребни за реализирање на теренски истражувања и акадамска наобразба на полските студенти и заинтересирани колеги. Споменатите начини и методи на работа се клучни во развојот на идните наставно-научни работници, кои во рамките на постечките програми на многу европски универзитети се запоставени, или целосно се изоставени, што несоменоно може да ја зголеми атрактивноста на оваа истражувачка дисциплина.
- Подготвените материјали за теренските истражувања во форма на анкети, истражувања, прашалници се уште еден траен реултат од научниот престој, кои во иднина полските студенти и колеги ќе можат да ги користат како готови форми за понатамошна работа. Собраниот и стручно обработен емпириско-документациски матијал ќе биде депониран во архивата на Факултетот за полска и класична филологија.
- Визитинг професор на Ун. Адам Мицкјевиќ-Познањ, Полска, академска година 2021/22, предавања на англиски јазик по предметот: Cultural and literally traditions on Balkans, во рамки на студиската програма: Central European and Balkan Studies.