
Покана за Јавна расправа по Планот за стратегиска оцена за Споменикот на природата „Маркови Кули“ – Прилеп

П О К А Н А
Почитувани,
Согласно Законот за животна средина (“Сл. Весник на РМ“ , бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 93/13, 187/13 и 42/14. 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, и 99/18), ЈНУ „Институт за старословенска култура“ – Прилеп како субјект кој управува со Споменикот на природата „Мaркови Кули“ и министерството за животна средина и просторно планирање, на ден 31.01.2020 година (петок) во 11.00 часот во собраниската сала на општина Прилеп ќе одржат Јавна расправа по Планот за стратегиска оцена за Споменикот на природата „Маркови Кули“ – Прилеп.
Со Вашето учество на престојната Јавна расправа очекуваме, од аспект на Вашите надлежности да партиципирате и да допринесете во процесот на донесување на овој документ кој е од особено значење за остварување на заштитата и управувањето со Споменикот на природата „Маркови Кули“.
