Back
IMG_6112

м-р Дејан Кебакоски

Aсистент-истражувач

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

име и презиме: Дејан Б. Кебакоски

датум и место на раѓање: 19.01.1981, Прилеп Р Македонија

адреса: с. Кадино Село – Прилеп

 

ОБРАЗОВАНИЕ

2002-2009- Додипломски студии, Дипломиран археолог – период Антика, Филозофски факултет, Универзитет Св. „Кирил и Методиј“, Институт за Историја на уметноста и Археологија, тема: Стибера (извори, археолошки истражувања, наоди)

2009-2014- Магистерски студии, Магистар по Археологија – Период АнтикаУниверзитет Св. „Кирил и Методиј“, Институт за Историја на уметноста и Археологија, Тема: Раноантички некрополи во Пелагонија (од VI до I век п.н.е)

2015 – Докторски студии, Докторант, Јавна научна установа за национална историја – Скопје

 

ПРОФЕСИОНАЛНО ВРАБОТУВАЊЕ

01.07.2013 – Помлад асистент – истражувач, ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп

25.11.2014 – Асистент-истражувач, Институт за старословенска култура – Прилеп

 

ПОЛЕ НА НАУЧЕН ИНСТЕРЕС

Научно поле: 602-Археологија , 601- Историски науки, 605  – Филозофија
Научно подрачје: 6 – Хуманистички науки
Област на истражување: 60202 -Класична архрологија: грчка и римска култура; Римска провинциска култура, 60204 – Археологија на Блискоиот исток: Египет, Месопотамија, Вавилон, Асирија, 60205 – Епиграфика: грчка и римска, 0206 – Нумизматика: грчка и римска, 60102 – Античка историја, 60513 – Филозофија на историјата

 

Секција во монографија

2014 – Прилеп, Милениумско пулсирање 1014 – 2014, Наслов: „Монументални објекти за живот по животот“, Уредник: Владимир Караџоски Издавач: Локална самоуправа Прилеп; Друштво за наука и уметност, Прилеп

 

Трудови во Научни и стручни списанија

2006 – „Историјат на истражувањето и убицирањето на античкиот и средновековен град Пелагонија“, Македонско Наследство

2008 – „Ранохристијанска базилика на Вигната, Бонче, Прилепско“, Македонско Наследство

 

Учество на конференции,симпозиуми,трибини и предавања

2007 – Управување со културното наследство во Република Македонија и предизвиците на конвенцијата од Ла Валета, Организатор: British Embassy во соработка со English Heritage

2011 – Културното наследство – најсилното оружје за одбрана на националниот идентитет на Македонија

2013 – Трибина „По трагите на современиот Прилеп – од Керамија (Ceramia) до Прилапон (Πρίλαρον) – културни и историски аспекти“, Наслов: Цивилизациските текови во антиката на територијата на Горна Пелагонија и Прилеп, Организатор: Јавна научна установа Институ за старословенска култура – Прилеп

2014 – XXIII Симпозиум на МАНД, Наслов:Резултати и сознанија од археолошките истражувања на локалитетот Висока, кампања 2014, Организатор: Македонско научно археолошко друштво

2015 – Меѓународна научна конференција во чест на 35-годишниот јубилен на ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп, Наслов:Сублимат на сознанијата за локалитетот “Висока” стекнати во последните археолошки кампањи, Организатор: Јавна научна установа Институт за старословенска култура – Прилеп, Република Македонија и Институт за славистичка Филологија УАМ – Познањ

2017 – Процеси на културна Интерференција Балканот помеѓу истокот и западот, Наслов: Култови и божества во антиката на територија на Деуриопос, Организатор: ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп; Институт за лавистичка Филологија УАМ – Познањ

2018 -Биогеографска целина Маркови Кули Природни содржини и културни вредности, Наслов:Претстави и споменувања на антички култови и божества констатирани во ареалот на биогеографската целина Маркови Кули, Организатор: ЈНУ Институт за старословенска култура – Прилеп

 

ПОЗНАВАЊЕ НА СТРАНСКИ ЈАЗИК (според сопствена проценка)

Странски јазици:

Англиски, Читање: 3, Пишување: 3, Говор: 3

 

en_US