Одделот за етнологија и етногенеза во рамките на Институтот за старословенска култура во Прилеп започна со работа во 1990 година. Негов основач беше д-р Танас Вражиновски, а покрај него својата научноистражувачка дејност ја реализира: д-р Ѓорѓи Здравев, д-р Љ. Ристески, д-р Соња Јовановска, д-р Владимир Караџоски, д-р Ели Луческа и Лола Симоска. Денес, на овој научноистражувачки оддел работат д-р Владимир Караџоски и д-р Ели Милошеска.
Иако најмлад, одделот од почетокот на своето постоење се карактеризира со значајни научни истражувања кои расветлија многу прашања поврзани со народната демонологија и митологија, народната култура, народната религија, народната медицина, истражувањето и проучувањето на човечките заедници како специфичен феномен на човечкото општество, народните верувања на етничките заедници, родовите улоги во народната традиција и воопшто во општествените процеси, етнокултурниот идентитет на етникумите кои живееле и живеат на просторот на Македонија.
Во рамките на научно-истражувачките проекти направени се голем дел на теренски истражувања коишто претставуваат изворни материјали за темите од тековните проекти, статиите и другите видови стручна и научна работа на членовите на oдделот за eтнологија и етногенеза. Многугодишните истражувања од реализираните проекти во најголем дел се публикувани и претставуваат значаен дел во македонската наука воопшто.
Во досегашниот период реализирани се следните фундаментални научно-истражувачки проекти:
1. Македонска народна митологија (1992-1997) … повеќе
2. Речник на митови и на народната култура на Македонците (1998-2000) … повеќе
3. Јозеф Обрембски – еден од најистакнатите странски истражувачи на народната култура на Македонците (2001-2003) … повеќе
4. Пеколот и рајот во македонската и албанската народна култура (2004-2006) … повеќе
5. Улогата на мажот и жената во христијанската и муслиманската народна традиција во Македонија (2004-2006) … повеќе
6. Народната медицина кај Македонците (традиција и современост) (2009-тековно) …повеќе
7. Светите мошти на територијата на Македонија. историја и традиција (2010-тековно)… повеќе
Институтот од 2010 г. е овластен субјект за заштита на духовното културно наследство на Македонија – фолклор и јазик. Поради тоа покрај работата на научно-истражувачки проекти својот интерес вработените од оделот за етнологија и етногенеза го насочија и кон работата на стручно – научни проекти во културата и изработка на Елаборати за заштита на нематеријално – духовното културно наследство на Република Македонија. Во изминатитиот период реализирани се следните проекти:
Св. Никола Летен/Св. Талалеј во с. Крстец, Прилепско, (2011)… повеќе
Обичајот „Велигденски кули“ во Македонски Брод, (2011, 2015 ) … повеќе
Обичајот „Дуовден “ во Црешнево-Белица, општина Македонски Брод ( 2011), … повеќе
Голем Петок, Варош, Прилеп, (2011) … повеќе
Водичарките од с. Беранци, Битолско, (2011) … повеќе
Џоломарите од с. Бегниште, Кавадаречко, (2011) … повеќе
Празникот „Иванка“ во Ресен, (2011) … повеќе
Празникот „Лазарева сабота“ во Преспа, (2011) … повеќе
„Тодоринка“ во с. Виничани, (2011) … повеќе
Водици во с. Битуше, (2012) … повеќе
Ѕвончарскиот занает во Битола, (2012) … повеќе
Обичајот „Курбан“ с. Витолиште, Мариово, (2013) … повеќе
Лазарките од Струшко Поле, (2013) … повеќе
Лазарките од Дримкол, (2014) … повеќе
Народни везови од општина Кривогаштани, (2015) … повеќе
Обичај „Дева“ – Општина Крушево, (2017). … повеќе
ЕТНОЛОГИЈА И ЕТНОГЕНЕЗА
Публикации:
1.Владимир Караџоски, Рајот и пеколот во македонската и албанската народна традиција (етнографски и фолклорни материјали), Институт за старословенска култура-Прилеп, Прилеп 2009;
2.Владимир Караџоски, Речник на народната медицина на Македонците, Институт за старословенска култура-Прилеп, Прилеп 2018.
3.Ели Луческа, соработник Александар Василески, Култот кон светите мошти на територијата на Македонија, ИСК – Прилеп, Прилеп 2018.