ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ИСТОРИЈА НА УМЕТНОСТ

Одделението за историја на уметност при ЈНУ Институт за старословенска култура во Прилеп е оснивано во 1980 година. Основна  задача на Одделението е да изврши систематски истражувања и продлабочени проучувања на ѕидното сликарство од византискиот и доцновизантискиот период и од времето на Преродбата во Макединија кое се јавува како некаква меѓа меѓу доцновизантиската уметност и првите почетоци на македонската современа уметност. Откривање на имињата на ктиторите и донаторите, уделот на локалните градители и зографи кои ги следат традициите на византиското градителство и сликарство како и проу£увањето на активноста на зографите на мијачката школа и крушевските работилници кои делувале на овој простор ќе овозможат со поголема доза на сигурност да се утврди нивното место во поновата историја на македонската уметност.

Јасно дефинираните ставови за начинот и опсегот на истражувањата и проучувањата на спомениците ја определија методологијата на работа на одделението изразена преку: идентификација на името и местото каде е лоциран споменикот, историјат на споменикот преку натписите и записите, опис на архитектурата и фрескоживописот, расчитување на записите, натписите и изработка на калкови од истите, архитектонски снимања на спомениците и изработка на архитектонска документација (основа, надолжен и напречен пресек), изработка на илустративна документација за значајните споменици како и снимање и изработка на комплетна фото документација на архитектурата и фресцоживописот.

Својот подем како научноистражувачки сегмент на Институрот оделението го бележи од 1986 година па до денес. Во овој период во рамките на одделението се реализирани следните фундаментални научноистражувачки проекти:

  • Сакрални објекти во Македонија (1988-2000) … повеќе
  • Културно и ликовно минато на Мариово (1988-1991) …
  • Ликовната уметност на Пелагонија од паѓањето под турска власт до Балканските војни (2001-2003) … повеќе
  • Споменици на ѕидното сликарство од поствизантискиот период во Пелагониската епархија (2004-2006) … повеќе
  • Споменици на ѕидното сликарство од времето на Преродбата на Македонија во Пелагониската митрополија (2009 г.-2011) … повеќе

Резултатите од истражувањата и проучувањата на спомениците се објавени во следните монографски студии:

  • Творештвото на мијачките резбари на Балканот од крајот на XVII и XIX век од д-р Димитар Ќорнаков;
  • Манастирот Слепче кај Прилеп од д-р Никола Митревски;
  • Споменици на фрескоживописот од XVI и XVII век во Демирхисарско од д-р Никола Митревски;
  • Фрескоживописот во Пелагонија од средината на XV до крајот на XVII век од д-р Никола Митревски;

Денес во Одделението за Историја на уметност се вработени 4 лица: д-р Никола Митревски, научен советник, д-р Јелена Андреевска, виш научен соработник, д-р Иван Заров, научен соработник и  д-р Атанас Атанасовски, научен соработник

Во овој моментнт во одделението во тек е реализацијата на  фундаменталниот научноистражувачки проект “Споменици на ѕидното сликарство од времето на Преродбата во Пелагониската митрополија”.

mk_MK
en_US mk_MK