д-р Иван К. Заров, виш научен соработник

Роден 04.05.1972, Охрид

1991-1996 студии на Институтот за историја на уметност и археологија на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје.Дипломиран историчар на уметност и археолог, со средна оценка 9,65. Тема на дипломската работа: Св. Софија-катедрален храм на охридската архиепископија. Ментор: акад. проф. д-р Цветан Грозданов.

1996-1998 магистерски студии на Институтот за историја на уметност и археологија на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, специјалност византиска уметност: Тема на магистерскиот труд: Византиската естетика и македонското средновековно сликарство од XI  и XII век.

2002 јануари одбранет магистерскиот труд на Филозофскиот факултет  пред комисија во состав: акад. проф. д-р Георги Старделов (ментор), акад. проф. д-р Цветан Грозданов и проф. д-р Елизабета Димитрова (членови на комисијата). Магистер по историја на уметноста со средна оценка 9,80.

2008 јуни докторски студии на Катедрата по историја на Византија и балканските народи на Историскиот факултет на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Софија, Бугарија. Научни рецензенти на докторската дисертација: проф. д-р Елка Бакалова, дописен член на Бугарската академија на науките и проф. д-р Христо Матанов. Научен консултант: проф. д-р Георги Бакалов.   

2009 март одбранета е докторската дисертација: Манастирската црква Св. Богородица Перивлепта (Св. Климент) во Охрид-историја, архитектура и иконографија во наосот од XIII век, пред 18-члениот Специјализиран научен совет по стара и средновековна историја, археологија и етнографија на Високата атестациона комисија во Софија, Бугарија. Доктор по средновековна историја.

1998-2000 стипендист на Ostkirchliches Institut-от во Регенсбург, Германија, специјализација на Универзитетот во Регенсбург од областа на католичката теологија и византологија.

2000 студиски престој во Понтификалниот ирски колеџ ((Pontificio Collegio Irlandese) во Рим со стипендија на Ватиканскиот комитет за културна соработка (Catholic Committee for Cultural Collaboration in the Vatican).

2002 учество на меѓународната летна школа: United People divided nations. Journey through History of Art за византиска уметност организирана од Институтот Отворено Општество под раководство на проф. д-р Елизабета Димитрова во Охрид, 1-30 јуни со реферат под наслов: Современата византологија и проучувањето на естетиката.

2003 декември студиски престој во Софија во „Центарот за словенско-византиски истражувања Иван Дујчев“ во Софија во рамките на проектот  Македонското културно, книжевно и историско наследство под раководство на д-р Михајло Георгиевски.

2003 учество на меѓународната летна школа за византиска уметност организирана од Институтот Отворено Општество и Евро Балкан под раководство на проф. д-р Елизабета Димитрова во Охрид со наслов Балкански културни идентитети (Balcan Cultural Identities. From Multiple Antiquities to Multiplex Modernity)

2003 специјализација на универзитетот во Оксфорд, Велика Британија со стипендија на Oxford Colleges Hospitality Scheme, Британскиот совет и Институтот Отворено Општество.

2004-2005 асистент во проектот под раководство на д-р Соња Зоговиќ Општеството и народната култура на територијата на Македонија во периодот од XI до XIV век.

2005 јули студиски престој на Универзитетот во Оксфорд (University College, Oxford) на покана од д-р Кетрин Холмс.

2006 симпозиум во Регенсбург во организација на Ostkirchliches Institut-от посветен на 40-годишнината од контактите помеѓу Католичката црква и помесните православни цркви Der Primat der Liebe со специјално обраќање на Неговата Светост папата Бенедикт XVI.

2006 Учество на научен симпозиум Антиката и европската наука и култура во организација на Институтот за класични студии на Филозофскиот факултет во Скопје.

 

Публикации:

  • „Основи за компаративно проучување на византиската естетика“ Охрид 2001.
  • „Македонската средновековна уметност и византиската естетика“ Охрид, 2002.
  • „Естетиката на Псевдо-Дионисиј Ареопагит и неговото влијание врз живописот и архитектурата“ Balcanoslavica 32-33 (Прилеп, 2003).
  • „Към иконографията на стенната живопис в купола на църквата Св. Богородица Перивлепта в Охрид“, Проблеми на изкуството 1 (София, 2007)
  • „Ктиторството на великиот хетеријарх Прогон Згур на Св. Богородица Перивлепта во Охрид“ in: Зборник за средновековна уметност на музеј на Македонија 6 (Скопје, 2007).
  • „Идентификација на непознати светители во олтарскиот простор на        црквата Св. Богородица Перивлепта во Охрид“, Патримониум. МК 2 (Скопје, 2008-2009)

 

 Монографија:

  • Византиската естетика и средновековниот живопис во Македонија од XI и XII век (Скопје, 2003).